Дали печурките треба да се мијат пред приготвување?

Фото: Unsplash
267

Печурките обично имаат видлива нечистотија на себе, па секогаш првата помисла е дека тие треба да се измијат… Сепак, готвачите се поделени околу тоа.

Во некои училишта за готвење, миењето печурки под млаз вода се смета за „грев“. Наводно, на тој начин печурките може да впијат вода и да ја изгубат и онаа боја којашто прво „го заситува окото“, но истото може да влијае и на вкусот. Затоа, младите готвачи честопати учат да користат влажна хартиена салфета или пак четкичка и нежно да ја бришат нечистотијата од печурките.

Ценетиот автор Харолд Мекги во својата книга од 1990 година – „Интересно готвење: Кујнска наука и сознанија“ преку експеримент на миење и натопување на печурките открива дека водата едвај се апсорбира во печурките. Тоа значи дека не е толку грев да се мијат и во вода.

Без разлика на различните мислења, несомнено е дека печурките мора да се исчистат пред готвење, на еден или друг начин. Како зеленчукот, така и печурките може да имаат бактерии кои можат да доведат до болести, па затоа е важно да се измијат, но и да се исушат потоа.