Како да се поттикне изборот на вегетаријанска храна?

Фото: Unsplash
135

Доколку имињата на јадењата како „лазањи без месо“ се заменат со имиња кои се фокусираат на вкусот и квалитетот, дури и оние кои не практикуваат вегетаријанска или веганска исхрана би биле заинтригирани да пробаат „неодоливи бавно готвени летни лазањи прелиени со крем сос од печурки и додаток од потпечени бадеми“.

Новата студија на Институтот за светски ресурси открива дека рестораните можат да ги охрабрат посетителите да јадат повеќе оброци од растително потекло – со тоа што во менијата ќе ги истакнат нивните еколошки придобивки.Доколку сте возач, сигурно сте налетале на натпис покрај семафор кој сугерира да го исклучите моторот додека чекате да се запали зеленото светло за да не трошите гориво и залудно да го загадувате воздухот. Хотелите ве замолуваат да ги користите пешкирите и постелнината повеќе пати за да ја намалите потрошувачката на вода за перењето или да ги исклучите светлата во просториите каде што не престојувате. Зелените слогани потсвесно нè поттикнуваат да бидеме поодговорни кон ресурсите. А што би се случило доколку рестораните на сличен начин промовираат исхрана базирана на растителна храна?

Студијата на Светскиот институт за ресурси опфатила 6.000 Американци, а истражувачите ги анализирале нивните реакции на различни описи во менијата на рестораните.

Неколку пораки имале особено изразен ефект. Меѓу нив е следнава: „Замената на само еден оброк базиран на месо со вегетаријански ќе резултира со заштеда на емисиите на стакленички гасови што се еднакви на потрошувачката на енергија при полнење на вашиот телефон во текот на две години. Вашиот мал придонес може да направи голема разлика“. Околу четвртина од луѓето кои го читале ова избрале вегетаријански варијанти, што е двојно повеќе од оние на кои не им била покажана пораката.

Истакнувањето на фактот дека 90% од Американците избрале да јадат помалку месо со повик поединците да се приклучат на растечкото движење кое има помало влијание врз климата, поттикнало 22% од испитаниците да јадат оброци на растителна основа, што е исто така повисок процент во споредба со групата која добила стандардно мени.

И други пораки, на пример, за вкусот на храната или потребата да се заштити планетата за идните генерации, исто така имале позитивен ефект. А резултатите од истражувањето откриле и дека изборот на јадења во рестораните во голема мера зависи од тоа како се напишани менијата.

Ако ги земеме предвид сите фази од животниот циклус на храната, од производство преку готвење до отпад, овој сектор глобално ослободува повеќе од една третина од стакленички гасови (34%). Но, не сите калории што ги внесуваме имаат ист ефект. Производите од животинско потекло предизвикуваат значително повисоки емисии од растителните производи. Затоа е важно дали јадете обични или вегетаријански колбаси.

Рестораните имаат многу повеќе адути кои успешно би ги мотивирале месојадите да се хранат како вегетаријанци. Доколку имињата на јадењата како „лазањи без месо“ се заменат со имиња кои се фокусираат на вкусот и квалитетот, дури и клиентите кои не практикуваат вегетаријанска или веганска исхрана би биле заинтригирани да пробаат неодоливи бавно готвени летни лазањи прелиени со крем сос од печурки и додадени потпечени бадеми “.

Институтот за добра храна презентирал уште 18 корисни маркетиншки практики за тоа како јадењата од зеленчук да бидат попримамливи во очите на посетителите кои се претежно потрошувачи на месо. Меѓу другото, советуваат да се воспостави конкурентна цена и да се стави акцент на протеините, но и имплементација на овие оброци во останатиот дел од понудата, наспроти нивното сегашно одвојување.

Наодите на Светскиот институт за ресурси се одличен потсетник дека Земјата е дом за сите нас и дека не е важно дали сме поединец, ресторан, прехранбена индустрија или носител на одлуки – на секое од овие нивоа е можно да се придонесе за животната средина.