Како сѐ можеме да го користиме таанот?

Таанот е паста од сусам и една од главните состојки на хумусот. Но хумусот не е единствената варијанта во која можете да употребите таан.

0
702

Претходно таанот го користевме за онаа најпозната здрава мешавина со медот. Во последно време е најпопуларен како состојка за хумус. Но хумусот не е единствената опција. Еве како сѐ можеме да го користиме таанот.

Прелив за салата. Додадете само неколку лажици паста од таан во вашиот стандарден прелив за салата (оцет и масло) и ќе добиете уникатен, кремав сос со одличен вкус. За оние кои постат, изоставете го маслото и ќе добиете одличен прелив за вашата салата.

Снек сос. Таанот измешајте го со неколку лажици кисела павлака, зачинете со малку маслиново масло и сервирајте го со грицки или стапчиња од свеж зеленчук. Сигурни сме дека ќе бидете воодушевени.

Гранола. Дали некогаш сте користеле путер од кикирики кога сте правеле домашни плочки од гранола или житни култури за појадок? Сега можете да го замените со паста од сусам.

Смуди. Додадете лажица паста од таан во вашиот утрински пијалак наместо јогурт или путер од јаткасти плодови.

За колачи и кекси. Со таан пастата можете да го замените путерот од кикиритки и при подготвувањето на колачиња и кекси, давајќи им го оној јаткаст вкус со малку слаткост. Задолжително испробајте го барем во некоја варијанта затоа што е здрава опција.

Фото: Pixabey