Колку се става оцет, а колку вода во зимницата?

Фото: Unsplash
642

Речиси и да нема зеленчук што не може да се кисели, па киселиот зеленчук е вистински деликатес секоја зима. Ако немате трпение да чекате подолго, еве како да го направите по брза постапка

Се ближи есента и домаќинките многу размислуваат за подготовка на зимницата. Овој период од годината е идеален за подготвување домашна зимница со овошје и зеленчук, без разлика дали е кисела, варена, печена или пасирана. Иако сега е се достапно на пазарите и во маркетите како готов производ, многу домаќинки сепак сакаат сами да си ги направат зимските специјалитети по традиционални рецепти, кои се пренесуваат од колено на колено.

Меѓутоа, кога правите зимница за првпат, веројатно се прашувате колку треба да ставите во неа вода, а колку оцет. Ако одлучите да киселите зеленчук на пример, она што ви треба се оцет, вода, сол, црн пипер, шеќер и секако зеленчук по ваш избор.

Во мешана салата можете да ставите карфиол, моркови, пиперки и краставици. Зеленчукот убаво измијте го и исечкајте го на парчиња, во тенџерето додадете оцет, сол, црн пипер, шеќер и вода. Односот на водата и оцетот за зимница е 4:1 (за 4 литри вода се користи 1 литар оцет), а останатите зачини се по желба. По сечењето, ставете го саканиот зеленчук во тегли и покријте го со топол прелив. Кога ќе се излади се става во фрижидер и по 24 часа е готов за јадење.