Како да ги отстраните сите пестициди и отрови од грозјето?

Фото: Unsplash
501

Многумина ја прават истата грешка при миењето на грозјето. Дознајте како правилно да го измиете и на тој начин да ги отстраните сите пестициди.

Сега можеме да уживаме во најубавото грозје, а ретко кој не го сака ова вкусно овошје. Грозјето е богато со витамини од групата Б, но и со минерали, како што се: железо, калциум, магнезиум, калиум, цинк и бакар.

Но, при одгледувањето и созревањето често се третира со пестициди, а бидејќи има карактеристичен облик, пестицидите често остануваат на грозјето и по миењето.

Токму поради оваа причина, потребно е темелно да се измие, но само вода не е доволна. Со овој едноставен трик ќе бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите пестициди и отрови од грозјето.

Она што е важно при миењето е да почекате со миењето ако не планирате да го јадете грозјето веднаш. Ако веднаш го измиете, ќе поттикнете дополнителна влажност, а овошјето побрзо ќе се расипе.

За да го измиете темелно направете раствор од вода и оцет. Ова е најефективната концентрација за отстранување на бактерии и пестициди. Во два литри вода додадете две лажици оцет. Во овој раствор ставете го грозјето и оставете го да отстои 5-10 минути. После тоа, исплакнете го секој грозд одделно со ладна вода. Овој процес ќе ги измие сите преостанати бактерии или остатоци од пестициди и не грижете се, оцетот нема да се чувствува или да го промени вкусот на грозјето.