Крцкави рипчиња од рерна: Поздрава верзија од омиленото летно јадење

Фото: Unsplash
781

Можете да ги зачините на ист начин како кога ги пржите, но на овој начин ќе бидат поздрави за консумирање. Можете да ги послужите со компир салата или со печени компири

Ако сакате мали крцкави рипчиња, но не сакате да ги пржите, тогаш направете си поздрава верзија од вашето омилено летно јадење. Можете да купите и замрзнати сардини, а можете да најдете и свежи плашици. Можете да ги зачините на ист начин како кога ги пржите, но на овој начин ќе бидат поздрави за консумирање. Можете да ги послужите со компир салата или со печени компири кои ќе ги попрскате со малку сончогледово или маслиново масло и сол и ќе ги испечете и нив во рерната. Сепак, испечете ги посебно бидејќи ќе им треба повеќе време отколку на рибите.

Количината на рипчињата зависи од тоа за колку луѓе ги подготвувате, како и од големината на рерната, а можете да додадете и други состојки по сопствен вкус.

Состојки:

1 кромид, ситно сечкан

100 гр шери домати

Сок и кора од 1 лимон

1 лажичка ким

1/4 лажичка сува лута пиперка

Маслиново масло

2 лажици ситно сечкан магдонос

Лук

риби колку сакате

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исчистете ги рибите и ставете ги на плех обложен со хартија за печење; намачкајте ги со маслиново масло и сол. Измешајте ги шери доматите и кромидот со кора од лимон, малку сол, пиперче, сок од лимон и ким, сè убаво измешајте и наредете ги околу сардините.

Подготвените риби печете ги во загреана рерна околу 15 минути или додека не ја добијат саканата боја и поросете ги со сечканиот лук и магдонос и послужете ги додека се уште топли.