Лошата исхрана доведува до скриена глад и многу болести: Наместо празни калории, на телото му требаат свежи и сезонски намирници

Фото: Pexels
135

Телото ги користи соковите од сировата храна за варење, ги користи хранливите материи од сировата храна како „готови градежни блокови“ со кои ќе изгради нови клетки. Ако тие нутриенти ги нема, туку на располагање му се само пица, помфрит и плескавици, а од сировата храна – лист зелена салата како прилог во хамбургерот, телото ќе се мачи за да може воопшто да постои и да функционира.

Исхраната, која денес е нездрава и неурамнотежена, е еден од главните причинители на многу болести, особено хронични. Колкумина од вас страдаат од хроничен замор, чести главоболки и стомачни проблеми? Да не зборуваме за дебелината.

Луѓето често мислат дека имаат главоболка, се чувствуваат лошо или се уморни, а всушност се само ГЛАДНИ. Дознајте кои се сите симптоми на скриената глад и што да правите.

Причини за овие тегоби има многу – стрес, напнатост, брзо темпо на живот… но исхраната секако е една од главните причини. Ако земете предвид дека храната што ја јадете треба буквално да стане вие, односно дел од вашето тело, тој комплексен механизам зад кој стои бесконечната интелигенција на природата, тогаш дали ви е сеедно што јадете?

Значи, човечкото тело има своја интелигенција со која, од храната што ја јадеме, се создава самото себе. Во исто време, треба да ја извлече енергијата што му е потребна за да функционира од истата храна. Доколку оваа храна е неадекватна, телото нема да може да извршува голем дел од своите „должности“ и на тој начин се јавуваат хронични тегоби, болки, а со текот на времето се јавуваат и сериозни болести.

Стотици илјади години, преку еволуцијата, телото се навикнувало на сирова храна, а пред само неколку илјади години на термички обработена храна. Телото ги користи соковите од сировата храна за варење, ги користи хранливите материи од сировата храна како „готови градежни блокови“ со кои ќе изгради нови клетки. Ако тие нутриенти ги нема, туку на располагање му се само пица, помфрит и плескавици, а од сировата храна – лист зелена салата како прилог во хамбургерот, телото ќе се мачи за да може воопшто да постои и да функционира.

Кога е гладно, телото ни сигнализира, го полниме со празни калории, а притоа не му даваме ниту алатки за да ги свари тие калории. Сега сме полни, но од што? Телото почнува да испраќа други сигнали наречени – скриена глад. Многу психички и физички заболувања не се ништо повеќе од скриена глад. Телото нема друг начин да ни сигнализира да го нахраниме. Хроничниот замор, главоболките, болките и депресијата во голема мера се сигнали на телото дека треба да се нахрани. Сега, ако земеме предвид дека телото еволуирало стотици илјади години, градејќи се себеси со помош на сирова храна, тогаш размислете што треба да му дадете…

Секако, има разни суплементи кои содржат сѐ што му е потребно на организмот – влакна, витамини, минерали и микронутриенти, потоа ензими, есенцијални масни киселини… , но многу се скапи. Од друга страна, храната стана „празна“, па единствениот евтин извор на сите тие состојки се свежото овошје и зеленчук.

Користете сезонски намирници бидејќи ќе ви биде поевтино и ќе можете да купите повеќе. Бидејќи за да го снабдите вашето тело со сѐ што му е потребно, едно јаболко или домат не се доволни. Најдобро е да консумирате по малку од сѐ.