Милиброд со ореви, со афион, штолен и други колачи што мирисаат на празници

Фото: Pexels
613

Ги собравме нашите омилени рецепти на едно место и се препуштивме на највкусниот период од годината…

Афионот, оревите и вкусното тесто се компоненти кои веднаш ве потсетуваат на зимските празнични денови. Ги собравме нашите омилени рецепти на едно место и се препуштивме на највкусниот период од годината…
Со цел да ги внесете празничните мириси во куќата задолжително подгответе вкусни, миризливи кифлички од цимет. За овој десерт најважно е да остане сочен, да има доволно фил, а брзиот прелив од лимон и шеќер во прав ќе биде одлична идеја.
Од истото ароматично и слатко тесто подгответе ги класиците на празничната кујна – со семе од афион и мелени ореви. Воодушевете ги старите и младите со генијалните вкусови на традиционалните рецепти на овие безвременски деликатеси.

Еве го рецептот за тестото кое можете да го користите и за ролните со цимет и за ролатите со мак и со ореви.

Состојки за тестото:

400 гр брашно

1 квасец

250 мл топло млеко

80 г шеќер

80 г путер

1 прстофат сол

2 жолчки

1 лимон (кора)

Приготвување:

Измешајте топло млеко и шеќер, додадете квасец и почекајте да се активира. Сувите состојки измешајте ги во посебен сад и додадете го активираниот квасец, кората од лимон, жолчките и омекнатиот путер и замесете мазно тесто. Оставете го тестото на топло место да се удвои во волумен и за тоа време подгответе го филот. Кога ќе се удвои во големина, замесете го тестото и филувајте во зависност од тоа што решивте да правите.

Куглоф во речиси секоја варијанта ќе биде идеален додаток на празничната трпеза. Зачинете го со мандарини, додадете чоколадо, суво овошје, рум или наместо големи, подгответе мини куглофи кои ќе ги придобијат сите на прв поглед.

Или направете штолен, сладок леб полн со суво овошје и други слатки по желба.

Состојки:

500 грама брашно

300 грама суво овошје (грозје, кајсии, урми, смокви)

100 грама јаткастки плодови (бадеми и ореви)

100 грама кандирани цитрусни овошја

300 грама путер

200 милилитри млеко

150 грама шеќер во прав

50 грама мед

50 милилитри бренди

1 супена лажица мешавина од зачини (ѓумбир, кардамом, каранфилче и ванила)

1 кесичка сув квасец

Прстофат сол

Приготвување:

Исечкајте го на ситни парчиња сувото грозје и прелијте го со брендито, и оставете го да отстои неколку часа. Загрејте го млекото и додајте 1-2 супени лажици брашно, мед и квасец и оставете го да отстои на топло. Останатото брашно просејте го, и додајте му сол и зачини. Во центарот направете вдлабнатина во којашто ќе го сипете млекото заедно со квасецот. Исечкајте го путерот на коцкички и ставете го околу вдлабнатината.

Месете додека не добиете мазно тесто, па постепено додавајте ги исечканите јатки и сувото овошје што стоеше во течноста. Кога тестото ќе порасне дупло, уште еднаш премесете го. Обликувајте го како колачот на фотографијата, односно како штолен, и ставете го во тава претходно обложена со хартија за печење.

Оставете да порасне уште 1 час, па ставете го во рерна претходно загреана на 180 степени. Ако е потребно, покријте го и со алуминиумска фолија за да не изгори во текот на печењето. Готовиот штолен премачкајте го со растопен путер, додека е уште топол и потоа наросете го со шеќерот во прав.

Италијанскиот панетоне ќе биде многу сличен на германскиот штолен. Ваше е да го изберете вашиот омилен, па почнете да ги подготвувате овие прекрасни, неодоливо сочни колачи.