Најдовме нов и подобар начин авокадото да остане свежо со месеци

Фото: Unsplash
262

Ако сте љубители на авокадо сигурно ви се случува кога ќе го начекате по поволна цена да земете неколку. Еве го најдобриот метод за чување на авокадото за да остане свежо и со месеци


Авокадото има краток рок на траење, па ако купиме зрело авокадо и не го изедеме веднаш, можеме да го фрлиме веќе следниот ден, што не е прифатлива опција. Затоа често бараме начини да го зачуваме подолго, а еден од нив е да го чуваме во замрзнувач.

Ако некогаш сте пробале замрзнато исечено авокадо во пластична кеса или сад, веројатно сте забележале дека по одмрзнувањето веќе ја нема својата карактеристична зелена боја, па можете да го користите само во рецепти во кои не е важен изгледот, како што е на пример, смути од авокадо.

Но, постои и трик како можете да го чувате авокадото со месеци без да ги изгуби свежината и зелената боја од првиот ден. Блогерката Бетани Угарте го откри својот метод на чување на авокадото, кој го користи со години.

Чувајте го авокадото во замрзнувач

Методот е многу едноставен – целото неизлупено авокадо чувајте го во замрзнувач. Кога ќе ви треба, оставете го 30 минути на собна температура за да се одмрзне или пак, за да го забрзате процесот ставете го во топла вода. На овој начин, авокадото ќе ја задржи својата свежина, боја и текстура по одмрзнувањето, за разлика од авокадото што сте го исечкале и сте го чувале во замрзнувач. Ако имате авокадо кое не е доволно зрело, оставете го на собна температура неколку дена додека не биде подготвено за јадење и дури потоа замрзнете го.

Авокадото може да стои во замрзнувач до 4 месеци. Овој начин на чување на авокадо е исклучително корисен кога ќе најдете авокадо на попуст, бидејќи можете да купите повеќе парчиња и да ги чувате додека не ви затребаат. На овој начин не само што ќе заштедите пари, туку и ќе спречите непотребно фрлање храна.