Не е добро да се прескокне, ама не е добро ниту обилно да се појадува

Фото: Pexels
158

Здравиот и препорачан појадок содржи мешавина од избалансирани хранливи материи, односно храна која има низок гликемиски индекс и која не го подига нивото на гликоза бидејќи треба да има постојана концентрација на шеќер во крвта.

Добро познат факт е дека појадокот е исклучително важен оброк кој не треба да се прескокнува. Покрај тоа, многу е важно што и како јадете за појадок бидејќи во тоа може да грешиме. Издвојуваме неколку вообичаени видови на појадок.

1. Прескокнување на појадокот
2. Само кафе
3. Појадок „од нога“
4. Богат појадок

Ништо од ова не се препорачува. Имено, прескокнувањето на појадокот и самото пиење кафе, кое понекогаш се подразбира како појадок, нема никаква хранлива вредност. Со тоа го лишувате вашето тело токму на почетокот на денот. Првото нешто што ќе го изедете по овие видови „појадок“ ќе се претвори во чиста маснотија која се таложи и едноставно ве дебелее. Во исто време, луѓето кои го прескокнуваат појадокот се помалку ефикасни во она што го работат, помалку се концентрираат и се повеќе склони кон нервоза.

Појадокот „од нога“ има хранлива вредност, но занемарлива. Најчесто се состои од сварливи јаглехидрати, шеќер и скроб. Јаглехидратите брзо се разградуваат на основни молекули на шеќер, а скробот се претвора во гликоза и нагло го зголемува неговото ниво во крвта. Зголеменото ниво на шеќер во крвта е многу лошо за организмот, односно го отвора ризикот од дијабетес.

Некои од јаглехидратите кои ги јадете со таков појадок се извор на енергија и се складираат во мускулите и црниот дроб. Таквата енергија е брза, односно краткотрајна, бидејќи она што моментално не го трошиме се претвора во енергетска резерва и маснотии. По таков појадок многу брзо повторно ќе станете гладни, па дури и погладни отколку што сте биле, а ќе имате потреба од слатки бидејќи, како што обично велат, „шеќерот паѓа“.

Богат односно обилен појадок со многу леб, житарици, мед или сувомеснати производи содржи многу калории и масти, а после тоа се чувствуваме како да сме подготвени повторно да си легнеме. Претерувањето никогаш не е добро, па така е и со појадокот.

Житариците кои често ги купуваме затоа што ни се претставени како исклучително здрави и препорачани имаат меѓу 30 и 40% шеќер, а се што е над 15% е, според препораката на нутриционистите, премногу. Затоа, треба да внимаваме на количината на житарки што ги јадеме за појадок.

Ако се прашувате што е добар појадок, еве го одговорот. Здравиот и препорачан појадок содржи мешавина од избалансирани хранливи материи, односно храна која има низок гликемиски индекс и која не го подига нивото на гликоза бидејќи треба да има постојана концентрација на шеќер во крвта.

Добро е да го започнете денот со чаша вода за да ја надоместите изгубената течност за време на спиењето, млечни производи (кравјо или посно сирење, јогурт, кисело млеко…) и јаткасти плодови, семки, јајца, житарки, свежо овошје и зеленчук.