Ослободете се од болките во зглобовите и во грбот за 7 дена

209

Со консумирањето желатин, се обновува нарушеното „подмачкување“ и непречената работа на зглобовите. Исто така, познато е дека здравите зглобови влијаат на правилното функционирање на многу други органи во организмот бидејќи сè што е во нашето тело е поврзано.

Еднаш прочитав за овој лек, но не бев упорна во консумирањето на ‘лекот’. Затоа деновиве кога сме сите помалку активни отколку вообичаено, а болките во грбот и зглобовите се посилни, повторно се сетив на желатинот во кујнскиот плакар. Ова е толку лесно достапна и евтина намирница што е навистина штета да не се проба. Особено затоа што велат дека резултатите се видливи за само недела дена.

Рецепт за здравје на коските и зглобовите

Желатин можете да купите во секоја продавница за храна. За еден месец со овој рецепт ви требаат 150 грама желатин.

Во вечерните часови, ставете 5 грама желатин (две рамни лажички) во 1/4 чаша ладна вода од фрижидер. Добро измешајте и оставете да отстои надвор од фрижидерот до утрото. Желатинот ќе набабри преку ноќ и ќе се претвори во желе. Наутро испијте ја смесата на празен желудник, а можете да ја измешате со сок, јогурт или било што друго по ваш избор. Појадокот можете да го јадете после 15-20 минути.

Ова лекување треба да трае 30 дена и може да го повторите повторно по 6 месеци. Терапијата дава резултати уште после седум дена такашто болката во зглобовите, грбот, нозете и ‘рбетот ќе исчезнат.

Со консумирањето желатин, се обновува нарушеното „подмачкување“ и непречената работа на зглобовите. Исто така, познато е дека здравите зглобови влијаат на правилното функционирање на многу други органи во организмот бидејќи сè што е во нашето тело е поврзано. На крајот на краиштата, ние сме мал микрокосмос кој функционира хармонично ако сите негови делови се здрави.

Единствениот проблем што може да ви се појави со оваа терапија е неверување во овој едноставен метод на лекување. Велат, неверицата брзо исчезнува кога почнуваат да се повлекуваат сите несакани симптоми на болка.

Зошто е желатинот толку корисен?

Желатинот е всушност колаген во најчиста форма. Колагенот е најзастапен протеин во човечкиот организам (сочинува 30-35% од вкупните белковини во телото) и претставува главна протеинска компонента на кожата, коските и сврзното ткиво. Се јавува во форма на нерастворливи влакна, фибрили, мрежи и лигаменти. Аминокиселините карактеристични за колагенот се глицин, пролин, хидроксипролин и хидроксилизин.

Губењето на колагенот негативно се одразува врз изгледот и функциите на целото тело и доведува до разни дегенеративни промени. Неговиот недостаток предизвикува, меѓу другото, нарушувања на коскено-мускулниот систем (вкочанетост, артритис, мускулни повреди), нарушување во функцијата на имунолошкиот систем и појава на телесни промени поврзани со возраста, како што се брчки, целулит, сувост на кожата, косата и кожа без сјај, и нарушена форма на телото.

Затоа, употребата на колаген, односно, на желатин, е исто така корисна за козметички цели, бидејќи ја подобрува состојбата на кожата, која станува поцврста, еластична и ѝ се враќа природниот сјај. Но, покрај позитивниот ефект врз надворешниот изглед, желатинот го стимулира растот и обновувањето на сврзното ткиво, што е многу важно кај заболените зглобови!

Со други зборови, желатин = колаген, го обновува нашето внатрешно здравје и надворешна убавина! За крај, еве краток список на сите позитивни ефекти врз организмот со консумирањето на желатин:

  • Ги зајакнува зглобовите и срцевиот мускул.
  • Го подобрува метаболизмот и ја зголемува менталната способност.
  • Ја одржува здравата состојба на кожата, косата и ноктите.
  • Им дава еластичност и сила на тетивите и лигаментите.
  • Го спречува развојот на остеопороза и остеоартритис.
  • Тој е незаменлив кај дисплазиите..