Папајте папалини: И конзервирани, овие мали риби се одлични за вашето здравје

Фото: Unsplash
676

Покрај совршениот вкус, сардините се многу добри и за вашето здравје. Полни се со протеини, богати се со омега-3 масни киселини кои го балансираат холестеролот во крвта и имаат антиинфламаторно дејство, а неопходни се за здравјето на кардиоваскуларниот, нервниот и имунолошкиот систем.

Овој мал деликатес често доаѓа спакуван во конзерва, но тоа не значи дека нивната вредност е помала – главно се пакуваат веднаш по уловот, па ги задржуваат сите состојки кои ги красат.

Покрај совршениот вкус, сардините се многу добри и за вашето здравје. Полни се со протеини, богати се со омега-3 масни киселини кои го балансираат холестеролот во крвта и имаат антиинфламаторно дејство, а неопходни се за здравјето на кардиоваскуларниот, нервниот и имунолошкиот систем. Исто така содржат и витамини од групата Б, особено витаминот Б12. Важно е да знаете дека сардините се одличен извор на витамин Д и калциум, а содржат и значително количество фосфор – сите редум одговорни за силни коски и заби. Сардините исто така се богати со железо, а содржат и селен, магнезиум и јод.

Што можат да направат сардините за вашето здравје?

Можат да го подобрат здравјето на коскениот систем


Сардините содржат две клучни хранливи материи кои ќе ги одржат вашите коски силни додека стареете. Бидејќи коските на оваа риба се мали, тие се јадат со нив, што е добра вест за вашите коски. „Сардините што се јадат со коски се одличен извор на калциум, кој е многу важен за здравјето на коските“, вели Ања Росен, нутриционистка од Њујорк.

Една лименка сардина содржи околу 27 проценти од потребната дневна доза на калциум, што е повеќе од една чаша млеко. Но, покрај калциумот, постои уште еден додаток за здравјето на коските – тие се одличен извор на витамин Д, кој му е потребен на телото за да го апсорбира калциумот. Ако на вашето тело му недостига овој витамин, калциумот нема да може да ја заврши својата работа за заштита како што треба. Затоа, масните риби, како лососот или сардините, се одличен природен извор на витамин Д.

Можат да го заштитат вашето срце

Сардините се одличен начин за добивање омега 3 масни киселини бидејќи секоја конзерва содржи околу 1 грам од овие масти кои срцето ги сака. „Исхраната богата со омега 3 масни киселини нуди бројни придобивки, а една од нив е намалување на нивото на холестерол, намалено воспаление и намален ризик од развој на срцеви заболувања“, вели д-р Бетани Кит. Во една студија спроведена пред 10 години, експертите анализирале податоци од околу 200.000 луѓе кои имале срцеви заболувања или биле целосно здрави и откриле дека консумирањето 175 грама масна риба во една недела може значително да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања кај здрави луѓе и да ги намали поголемите проблеми.

Нудат многу енергија

Заедно со калциум, витамин Д, масни киселини и протеини, сардините се одличен извор на витамин Б12. Една лименка сардина содржи околу 343 проценти од потребната дневна доза. Недостатокот на витамин Б12 може да доведе до замор, отежнато дишење и ниско ниво на енергија. Иако витаминот од сардината нема да ви даде енергија веднаш како кофеинот, доколку ги вклучите во исхраната ќе ви помогнат да бидете полни со енергија поголемиот дел од времето.

Бидете внимателни ако имате гихт

„Внесувањето на големи количини на сардини може да придонесе за појава на симптоми кај луѓето кои страдаат од гихт, бидејќи некои сорти на конзервирана сардина содржат и големи количини на сол“, вели нутриционистката Ема Лејнг. Гихтот е болна форма на артритис, а понекогаш може да се појават тешки симптоми поради органското соединение пурин кое се наоѓа во некои видови храна. Сардините, школките, црвеното месо се само дел од намирниците кои содржат пурин. Тоа не значи дека не треба да ги јадете, но треба да внимавате кога е во прашање количината. Исто така, мудро е да разговарате со лекар ако имате проблеми со болни зглобови и коски.

Како да уживате со сардините од конзерва?

Како што кажавме, може да ги има во најразлични форми, со маслиново масло, масло и лимон, домат… и можете да уживате во нив на многу начини. Ако внимавате на линијата, можете да ги ставите на крекери, да додадете малку краставица или јајце.

Друга интересна опција е да ги ставите на тост со многу маслиново масло или едноставно да ги додадете во тестенините. Секако, доколку ви се допаѓаат, исклучително се вкусни доколку се јадат директно од конзервата без други додатоци. Одлично решение е кога немате што да јадете или треба да подготвите ручек за неколку минути. Покрај сето што е споменато, тие можат да се чуваат долго во оставата.