Рецепт за чистење на црниот дроб од алкохол и хемотерапија

Фото: Unsplash
662

За прочистување на црниот дроб од последиците од хемотерапија и консумирање алкохол, Ајурведата препорачува тинктура од ѓумбир, а еве и како да ја подготвите

За долгорочно и систематско чистење на црниот дроб, особено кога станува збор за прочистување од последиците од хемотерапијата и консумирањето алкохол, Ајурведата препорачува тинктура од ѓумбир.

Еве го рецептот за оваа чудесна ајурведска тинктура од ѓумбир.

Измијте добро еден среден корен од ѓумбир,околу 30 грама, и изрендајте го заедно со кората. Потоа ставете го во темен стаклен сад и прелијте го со 200 мл
ракија, затворете и оставете го на темно место 10-14 дена.

Како да го користите?

Разредете го со дестилирана или зовриена вода и изладена вода, во сооднос 1:1/или повеќе вода доколку сте чувствителни на алкохолот.

Земајте ја тинктурата на празен стомак 10-15 минути пред оброците според следнава шема:
Треба да започнете со 10 капки, зголемувајќи ја дозата секој ден по 2 капки. Кога ќе достигнете до 40 капки на ден – треба да продолжите да ја земате тинктурата уште 15 дена истата доза од 40 капки секој ден, а потоа постепено да го намалувате внесувањето, по 2 капки на ден, додека не стигнете до 10 капки на ден.

Направете двонеделна пауза и повторете го третманот.