Си беше еднаш еден спанаќ… Против стереотипите од кујната на мама

Фото: Freepik
235

„Спанаќот е здрав. Здрав е затоа што има многу железо. Спанаќот не треба да се подгрева бидејќи станува отровен“. Ова е аксиомата која е поставена пред речиси 150 години и како народно предание се пренесува од колено на колено. Но, дали е точно?

Обично на децата им велат дека треба да јадат спанаќ затоа што тој има најмногу железо. Така некако и многу деца на кои во кујната на нивните мајки спанаќот им бил често сервиран и биле убедувани дека ако го јадат ќе бидат силни како Попај, почнаа да го мразат. јадат спанаќ, Но дали е тоа така? Спанаќот не може да се опише само со овие реченици, туку со една долга приказна, која е многу интересна и полна со неочекувани пресврти.

Имаше еднаш еден спанаќ…
Сè започнало со грешка на научникот Емил фон Волф, кој во 1870. година, кој додека го истражувал хемискиот состав на зеленчукот, погрешно ја внел вредноста на содржината на железо во спанаќот. Се појавила грешка при ставањето запирка, па содржината била прикажана како 10 пати поголема од вистинската. Ова е откриено дури во 1930. година, но очигледно тогаш не го дознале сите тоа.

Токму во тие години (1929) се родил ликот на Попај, кој на децата им го доближил спанаќот, претставувајќи го како состојка што му дава сила да ги направи сите тие херојски дела. Иако се вели дека креаторите на Попај имале на ум висока содржина на витамин А како гориво за сила, луѓето ја припишувале заслугата за таа сила на високата содржина на железо.

Вистина е дека спанаќот содржи железо, но помалку од сојата, семките од тиква, ‘ржта, смоквите, семките од сончоглед и оревите. Да бидеме уште попрецизни, спанаќот има исто железо како и компирот печен во лушпа.

Спанаќ

Без разлика дали е со железо или без, на сите ни е познато предупредувањето дека „не треба да се подгрева затоа што тогаш станува ни помалку ни повеќе туку ОТРОВЕН“. Она што ги натера луѓето и некои научници да го прогласат спанаќот за отровен е содржината на нитрити. Како и во секој зеленчук, спанаќот содржи соли на нитрати кои под дејство на микрофлората (и на самиот зеленчук и на оние во нашата плунка) се редуцираат во нитрити, за кои е докажано дека имаат канцерогени и токсични ефекти (поради нивната оксидативна способност). Самото загревање може да ја забрза оваа реакција, но не повеќе отколку што е случај со другите зеленчуци.

Нешто повеќе за нитритите
Она што може да биде проблематично е давањето спанаќ на бебиња до 3 месеци бидејќи во нивниот организам 100% од нитратите се претвораат во нитрити, додека кај возрасните само 3-6%.

Важно е да се знае дека нитритите и нитратите се користат како хемиски конзерванси во месото (и свежо и преработено) бидејќи го спречуваат развојот на многу опасната смртоносна бактерија Clostridium Botulinum.

Тука не завршува приказната за спанаќот бидејќи има уште една проблематична компонента а тоа е оксалната киселина. Поради хемиските својства на оваа киселина (формирање на нерастворливи оксалатни соли), не треба да се претерува со консумирањето на спанаќот. Причината е создавањето на калциум оксалат кој се таложи во нашиот организам, поточно во бубрезите, а на сите ни е попознат како песок и бубрежни камења.

Значи, ако веќе не сакате спанаќ, слободно заменете го со некој друг зеленчук и не се секирајте. Иако, не би го менувала спанаќот со јајца во рерна, ниту за спанаќ со јагнешко.