Стариот добар медотаан за здрав почеток на денот: моќен лек и вкусен додаток

Фото: Freepik
802

Пастата од сусам, односно, таанот, е моќен природен лек кој помага при хипертензија, го намалува нивото на холестерол, помага при слабеење! Најпозната комбинација е онаа на мед и таан, иако во последно време многу популарен кај нас стана и хумусот кој се прави токму со таан

Пастата од сусам или таанот покрај тоа што има богат вкус и текстура, има и широка примена во готвењето, како и бројни здравствени придобивки.
Може да се користи во многу десерти, колачи и пити, како и при подготовка на хумус, а поздрав е и од путерот од кикиритки бидејќи речиси воопшто не е сладок.

Со оглед на тоа што е богат со витамини, минерали и амино киселини, има повеќекратни предности за организмот доколку го вклучите во вашата исхрана:

Го нормализира крвниот притисок

Составот на пастата содржи бројни антиоксиданти, калиум и растителни лигнани, кои помагаат во намалување на крвниот притисок.

Го намалува нивото на лошиот холестерол

Со помош на фитостеролите (бета-ситостерол) во пастата, холестеролот се држи под контрола.

Помага при слабеење

Содржи само здрави масти, а поради големото количество протеини долго ќе бидете сити, па е одличен сојузник и при слабеењето.

Освен овие, има и други придобивки: Ја стимулира работата на мозочните клетки, ја подобрува меморијата и концентрацијата, поради присуството на манган, калиум и омега-3 масни киселини. Ја подобрува состојбата на кожата и ги отстранува акните со помош на голема количина на цинк.
Ја подобрува потенцијата, а овој пат цинкот игра клучна улога, го зголемува либидото и го стимулира природното производство на тестостерон.
Се препорачува за жени во менопауза, бидејќи природните фитоестрогени во пастата ја регулираат работата на хормоните и го намалуваат ризикот од рак на дојка и јајници.
Го зајакнува нервниот систем, кому му се потребни витамини од групата Б за нормално функционирање, кои ги има во изобилство во пастата од сусам. Високата содржина на протеини, незаситени масни киселини и калциум го прави извор на овие материи во исхраната.

Една од најпознатите комбинации: Таан и мед

Традиционално таанот се користи во смеса со медот како медотаан, за подобрување на состојбата нa дишните патишта.

Мешавината од таан и мед е одличен извор на железо, магнезиум, калциум, манган, омега 3 и 6 масни киселини…Медот со таан е комбинација која би требало почесто да се најде во вашето мени.  Не само поради одличниот вкус, туку и поради фактот што е одлична ризница на здравјето.

Оваа природна смеса е одличен извор на витамини, особено оние од групата Е, А и Б, како и минерали и омега 3 и 6 масни киселини. Се препорачува да се консумира наутро на празен стомак.

Комбинацијата на таан и мед го зајакнува имунитетот, ја намалува желбата за слатки, лекува констипација, стомачни проблеми и е исклучително благотворна во случаите со гастритис, колитис и чир. Покрај тоа, оваа мешавина ги зајакнува коските, ги стимулира менталните активности, ја зголемува физичката издржливост и го подобрува квалитетот на здравјето на косата и кожата.