Суво и свежо овошје во варено вино: Генијален зимски десерт што се прави додека да трепнете

Фото: Pexels
187

Ако сакате варено вино, тогаш ќе бидете воодушевени и од неговите додатоци, како што се свежи јаболка, круши и (или) суви смокви и кајсии – бидејќи тие веднаш се трансформираат во вкусен, празничен десерт.

Вареното вино е еден од најпопуларните методи за загревање во студените зимски денови. Одлично оди во комбинација со зимски овошја, а исто така е многу практичен и корисен бидејќи љубителите на варено вино можат да уживаат во овошните ароми, а оние кои сакаат нешто што „помалку опива“ ќе добијат одличен зимски десерт кој воедно и ќе ги загрее.

Свежите јаболка и круши во комбинација со сушено овошје (смокви, кајсии…) се готват во зачинето, ароматизирано вино додека не омекнат и не завршат во вашата чинија како генијален зимски десерт.

Состојки за четири лица

300 мл црвено вино
300 мл свеж сок од портокал
3 лажици мед
3 стапчиња цимет
4 каранфилчиња
2 круши (излупете, исечете ги на половина и извадете ги семките)
8 суви смокви
12 суви кајсии
2 јаболка (излупени и исечени)

Приготвување:

Во сад додадете вино, сок од портокал, мед и зачини. Оставете ја смесата да зоврие, а потоа намалете ја топлината и динстајте 1-2 минути.

Во тенџерето се додаваат крушите, смоквите и кајсиите и се варат дваесетина минути со повремено промешување. Потоа додадете ги јаболката и варете уште десетина минути, додека не омекнат.

Вареното овошје извадете го во чинии, извадете ги зачините од виното. Варете го виното уште повеќе додека не стане како сируп и прелијте го врз овошјето.

Има и друга опција, откако ќе го извадите овошјето, додадете повеќе вино и вода во смесата од вино и зачини по желба, згответе и уживајте во вареното вино со десерт.