Супа од батат, ѓумбир и портокал

Фото: Pexels
433

Одлична идеја за вечера со тоа што можете да си ја олесните работата така што секогаш ќе имате малку печен сладок компир во фрижидерот.

За да ви биде полесно да си ја направите оваа интересна супа од сладок компир, ѓумбир и портокал, добро е секогаш да имате малку печен компир во фрижидерот или барем да ги испечете компирите претходната вечер, така што кога ќе дојдете од работа ќе можете да ја подготвите оваа вкусна супа за околу 3 минути.

Состојки:

2 средни слатки компири (околу 500 г вкупно)

750 милилитри супа од зеленчук

2 лажички ситно рендан свеж ѓумбир

кора од пола портокал – по можност непрскан или добро измиен и 2 лажички сок од портокал

1 лажичка сок од лимета

¼ лажичка каенски пипер

сол (по вкус)

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200/220ºC.

Ставете ги слатките компири во мал плех за рерна, обложен со кујнска хартија или завиткани во фолија (сирупот што истекува од слатките компири додека се печат е многу тежок за миење) и избоцкајте ги неколку пати со врвот на остар нож или со вилушка. Потоа печете 1 час, или додека компирите не омекнат. Се вадат од рерна и се оставаат да се изладат.

Ставете ги излупените слатки компири во тенџере. Ставете ја супата, додадете го изренданиот ѓумбир, кората од ½ портокал и 2 лажици сок од портокал, заедно со сокот од лимета и кајенскиот пипер. Потоа измешајте убаво пред да го ставите  капакот, вклучете ја ринглата и ставете ја супата да зоврие.

Вкусете за зачините, оставете малку да се излади, а потоа користете блендер или испасирајте со вилушка ако сакате супа со погруба текстура.

Дополнителни информации:

Компирите може да се печат и до 2 дена однапред. Префрлете ги во соодветен сад, оставете да се изладат, па покријте ги и ставете ги во фрижидер.

Ако ви остане од супата, изладете ја, покријте ја и ставете ја во фрижидер во рок од 2 часа од правењето. Се чува во фрижидер до 3 дена. Повторно загрејте во тенџере, повремено мешајќи и додајте дополнителна вода доколку е потребно кога ќе сакате повторно да јадете.

:

Изладената супа може и да се замрзне, во херметички сад, до 3 месеци. Одмрзнете преку ноќ во фрижидер и повторно загрејте како во претходниот случај.