Три начини да ги замените јајцата во рецептот за време на постите

Фото: Freepik
281

Со оглед на тоа што почнаа Велигденските пости, можете брзо и лесно да ги замените јајцата со овие состојки.Ова се одлични предлози доколку постите или сте на диета

Велигденските пости почнаа и верниците кои се придржуваат до него повеќе не мора да се откажуваат од омилената храна. Млекото може да се замени со млеко од бадем или соја, а за замена на јајцата постојат 3 начини кои се одлични и дефинитивно помагаат.

За време на постот, домаќинките се трудат храната да биде поразновидна, а исто толку вкусна. Со овие совети ќе можете да направите вкусни јадења што сите ги сакаат и да го почитувате постот.

Ако правите леб, палачинки, мафини или нешто друго, наместо јајца, употребете 3 смеси кои се подеднакво ефикасни. Ова се количините доколку сакате да замените едно јајце, а доколку ви требаат повеќе, само зголемете ги состојките.

Замена на едно јајце со ленено семе

Состојки:

1 лажица мелен лен

2,5 лажици вода

Приготвување:

Измешајте ги ленот и водата и оставете ги 5 минути.

Замена на едно јајце со чиа семе

Состојки:

1 лажица чиа семе

3 лажици вода

Приготвување:

Чиа семето иситнете го додека не добиете смеса како брашно, па измешајте го со вода и оставете 5 минути. Текстурата треба да биде слична на сирова жолчка од јајце.

Замена на едно јајце со оцет

Третиот начин да го замените јајцето, а можеби и најлесниот, е да растворите 2 лажици оцет во 1/2 чаша вода.