Црно чоколадо, боровинки и чај од ѓумбир-лекови против диареја

Фото: Unsplash
301

Бидејќи е период на вируси, а некои од нив се проследени со диареја, сигурно добро ќе ви дојде мало потсетување за тоа што е добро да консумирате во таков случај. Нашите предлози се – едноставни и вкусни

Доколку имате некаков вирус или инфекција која ви предизвикала диареја мора да обрнете внимание пред

Доколку имате некаков вирус или инфекција која ви предизвикала диареја мора да обрнете внимание пред сѐ, на исхраната која треба да содржи намирници со што е можно помалку влакна и да консумирате течности. Особено треба да се избегнуваат млечните производи, маснотиите и шеќерот.

Во текот на тие денови во исхраната треба да форсирате двопек, крекери, ориз, варено пилешко, јајца, како и немрсни бистри супи за да се избегна дехидрација на организмот. Корисно е да се пие и оризова вода.

Освен ова, супер варијанта е и црното чоколадо кое е одамна познато како природен лек против пролив. Но не претерувајте, доволно е да изедете 2-3 коцки.

Ренданото јаболко е исто така корисно во овие ситуации затоа што е богато со пектин, а најдобар избор е киселото јаболко. Пред да се консумира ренданото јаболко треба да се остави да отстои околу 2 часа. Ќе потемни и нема да изгледа толку убаво, но токму такво е ефикасно против диареја.

И боровницата може да го запре проливот, а од чаевите најпопуларни за оваа намена се чајот од листови од капина, чај од дуња и чај од шипка.

Добро ќе ви дојде и чај од ѓумбир затоа што ѓумбирот има антибактериски својства. И на крајот, треба да се каже и дека маслото од диво оригано спаѓа во најмоќните природни средства со антисептичко дејство, па секако може да биде од голема полза за лекување на диарејата, особено ако причина за истата е труење со храна.