Чиа семе место јајце, како додаток на брашно, па дури и за пилинг

Фото: Unsplash
592

Една мала лажичка чиа семе додадена во вашите овесни снегулки, во смути, наместо јајце или како додаток на брашното за леб или колачи, содржи само 65 kcal и обезбедува 54% од потребната дневна доза на омега-3.

Меѓу многуте нови трендови во здравата исхрана, се појави и чиа семето. Неговата хранлива вредност му ја донесе титулата Суперхрана. Ништо необично, бидејќи содржат 9 есенцијални амино киселини, кои се потребни за изградба на мускули.

Тоа е исто така исклучително богато со омега-3 масни киселини, калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Речиси 90% од јаглехидратите што ги содржи чиата се влакна. На влакната не им е потребен инсулин за да се разградат и не го зголемуваат шеќерот во крвта.

Реномираното научно списание Journal of the American Oil Chemists’ Society обезбедува податоци за чиа семето како посебен извор на природни липидни антиоксиданти. Моќната антиоксидантна активност дефинитивно го става ова семе на врвот на скалата во однос на здравствените придобивки, а важно е да се забележи високата концентрација на полинезаситени масни киселини кои придонесуваат за тоа.

А еве како сѐ можете да го користите чиа семето – рецепти

За почеток, важно е да се напомене дека чиа семето апсорбира течност и може да го зголеми својот волумен до 10 пати. Тие добиваат текстура како гел што ги прави идеални во кујната.

 

Полнења со чиа семе

Додадете една лажичка чиа во вашите снегулки, јогурт или посипете на салатата. Една кафена лажичка содржи само 65 kcal и обезбедува 54% од потребната дневна доза на Омега-3.

Чиа смути

Чиа семето нема да го смени вкусот на смутито или фрапето, само ќе им даде уште подобра и погуста текстура. Покрај тоа, напитокот ќе го збогати со 3,4 г влакна, 80% од потребниот дневен внес на витамин К и 63,1 мг калциум (1 лажица).

 

Чиа јајце

Поради способноста да апсорбира течности, чиата е идеална замена за луѓето кои се нетолерантни на јајца, веганите и оние кои сакаат да го подобрат своето здравје.

 

Во блендер ставете 1 лажица чиа семе на неколку секунди. Потоа додадете 3 лажици вода во смесата во прав и измешајте. Оставете да отстои 5 минути или ставете во блендер неколку секунди.

Чиа јајцето ќе има текстура слична на вистинско јајце што ви овозможува да го користите во печење мафини, колачи, печива и слично. Ако сакате повеќе јајца, само зголемете ја количината на чиа и вода (сооднос 1:3).

Чиа пудинг

Ставете ¼ шолја чиа семе во сад, додадете 1 чаша бадемово млеко. Посипете со една лажичка екстракт од ванила и додадете природен засладувач (мед или јаворов сируп). По желба додадете цимет.

 

Добро измешајте, покријте го садот и оставете да отстои во фрижидер преку ноќ. Уживајте во здрав, вегански појадок наутро! Пудингот можете да го посипете со кокос, бадеми и сл. Исто така, ако користите засладено бадемово млеко, додадете помалку сируп за засладување.

 

Додаток на брашно

Доколку сакате да го збогатите лебот, палачинките или вафлите со лажица здравје, ставете чиа семе во блендер и потоа додадето го во брашното што го користите. Ви препорачуваме да вклучите чиа јајце во рецептот.

Гел за џем од чиа

Во 50 мл топла вода додадете 1 лажица чиа семе. Оставете да отстои во фрижидер преку ноќ. Добиениот чиа гел ставете го во блендер заедно со свежото овошје по желба и употребете го како џем.

Збогатени овесни снегулки

Основен рецепт за овесна каша со чиа семе:

1/3 шолја овесни снегулки

1 лажица чиа семе

¼ шолја јогурт

¼ – ½ чаша бадемово млеко (може да користите и некое друго растително млеко)

 

Детоксикациски чиа напиток

Направете чиа гел, ставете го во стаклено шише и додадете 1 шолја вода и 1 шолја органски, незасладен сок по желба. Добро протресете и успешно детоксицирајте се!

 

Чиа енергетски плочки

Плочките се одлични како оброк пред или после напорен тренинг. Обработете во блендер 12 урми без семки приближно 30 секунди (додека не се добие хомогена смеса). Во сад ставете ги урмите, 70 гр чиа семе, 2 лажици кокосово масло и ½ лажичка мелен цимет.

Мешајте додека не добиете еднолична смеса. Потоа смесата нразмачкајте ја на плех за печење (користете хартија за печење). Оставете ја во фрижидер 3 до 4 часа. Со нож исечете 8 еднакви плочки од смесата.

 

И конечно, ако не ви се допаѓа за јадење, можете со чиа семето да си направите пилинг за лице

Да, чиа семето не само што може да го јадете, туку можете да го користите и за убавина! Измешајте ¼ шолја кокосово масло, 1 лажичка сок од лимон и 1 лажица чиа семе во сад.

Кога се користи на влажно лице, нанесете ја смесата и масирајте го лицето со кружни движења. Потоа почекајте 2 минути додека смесата не се стегне. Извадете го пилингот со влажна крпа и измијте го лицето со ладна вода. Смесата чувајте ја во фрижидер 3-5 дена.