Чоколаден колач со банани и овесно брашно

459

Ако советите како да го надминете копнежот по благо не ви помогнаа или пак си викате, еднаш се живее, тогаш еве еден брз и лесен рецепт за чоколаден колач со банани.

Ако не можете без благо и не ви помага никаков совет како да ги замените слатките со суво овошје, јаткасти плодови или авокадо, тогаш обидете се да направите барем некоја поздрава верзија.

Нашава е со брашно од овес, банани, урми, какао, помалку шеќер…

Отиде пола во рок од пола час, ама барем се тешиме дека е поздрав од наполитанки.

Состојки:

2 јајца

150 мл јогурт

сок од 1 портокал

50 г кафеав шеќер

4-5 сечкани урми

малку сончоглед, малку сечкани лупени бадеми или ореви

200 г овесно брашно

150 г бело брашно

темно чоколадо

3-4 лажици какао

70 г путер (ние комбиниравме обичен путер со кокосово масло)

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

За украсување:

Ливчиња лупени бадеми и портокал или нешто по ваш избор

Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додавајте растопен путер, јогурт и сок од портокал. А потоа додадете ги и сувите состојки и додатоците (семки од сончоглед, ореви, сечкани бадеми, урми).

Ставете ја смесата по подмачкан калап за леб и поросете со овесни снегулки.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 50 минути.