Јадете само ако сте гладни, а не заради друштво! Повеќето од нас често го прават спротивното

Фото: Pexels
154

Ова е само една од препораките на ајурведскиот лекар од Индија, доктор Авишек Мишра кој дава неколку совети кои ќе ви овозможат одлично здравје

Според Ајурведата, сите болести се јавуваат поради слабите дигестивни ензими или како што се нарекуваат во ајурведата – дигестивен оган, како и поради неможноста храната целосно да се разложи и правилно да се апсорбира во дигестивниот систем.

Дигестивниот оган е клучот за одржување на имунолошкиот систем, нашето здравје и енергијата. Кога дигестивниот оган не е добар, храната не може правилно да се вари и остатоците се претвораат во токсини, кои во ајурведата се нарекуваат Ама. Овие токсини се причина за многу болести, како што се проблеми со срцето, холестерол, дијабетес, метаболички нарушувања, дебелина, несакани маснотии, проблеми со црниот дроб и бубрезите итн., а се должат само на слабиот дигестивен оган. 

Кaко резултат на слабиот дигестивен оган, после јадење може да се јави надуеност во стомакот, киселост, често одење во тоалет, главоболка, замор, ментална иритација, итн. Може да се појават и автоимуни проблеми. Овие токсини се акумулираат и предизвикуваат силна болка, па може да се појави дури и ревматоиден артритис.

Дигестивниот оган треба да се заштити или да се одржува здрав. Токму затоа ги пренесуваме советите за добра дигестија на ајурведскиот лекар Авишек Мишра кој следната недела ќе врши консултации и прегледи со пулсова дијагностика во Ајурведа Македонија.

Една од важните работи е да јадеме само кога чувствуваме глад. Храната што ја јадеме кога не сме гладни, создава токсини и предизвикува болести.

Треба да се избегнува и храна која е тешка за варење, преработена или рафинирана храна, како и ненавремено јадење.

Треба да јадеме според движењата на сонцето. Сонцето е присутно во текот на денот и тогаш дигестивниот оган е најсилен, па тоа е периодот кога треба да консумираме храна, но не и навечер. Овие мали промени ќе ви помогнат да го одржите балансот на дигестивниот оган.

Избегнувајте да пиете вода непосредно пред и после јадење и генерално, избегнувајте ладна вода. Дозволено е да се пие само малку вода за време на оброкот. Инаку, се препорачува да пиете вода 30 минути по јадењето.

Ако вашиот дигестивен оган е совршен, тогаш и вашето здравје ќе биде совршено.

При проблеми со дигестијата, доктор Авишек предлага редовно земање Харитаки и Трифала.