Џабе вежбате, ако јадете нездраво

Фото: Unsplash
167

Иако постојат значителни општи придобивки кај вежбањето, вклучувајќи го целокупното здравје и можните естетски придобивки, истражувачите предупредуваат дека здравата исхрана е, сепак, од суштинско значење.

Истражувачи од Универзитетот на Сиднеј, Австралија, откриваат дека луѓето кои вежбаат редовно, но се хранат лошо, се изложени на иста опасност од срцеви заболувања, рак или друга болест како и оние кои го јадат истото, но не вежбаат.

Иако постојат значителни општи придобивки кај вежбањето, вклучувајќи го целокупното здравје и можните естетски придобивки, истражувачите предупредуваат дека здравата исхрана е, сепак, од суштинско значење. Многу луѓе кои не внимаваат што јадат, веруваат дека тоа ќе го надоместат само со вежбање… Науката вели – тоа не оди така.

„И редовното вежбање и здравата исхрана играат важна улога кога станува збор за здравјето и долговечноста… Оваа студија ја нагласува важноста и на физичката активност и на квалитетната исхрана во постигнување на најголемо намалување на опасноста од смртност“, вели Мелоди Динг, вонреден професор на Универзитетот на Сиднеј.

Истражувачите, кои ги објавија своите наоди во британскиот „Журнал“ за спортска медицина (British Journal of Sports Medicine), собраа податоци од 360.600 возрасни лица од Велика Британија, поточно „Ју-кеј биобанк“.

Секој од учесниците бил категоризиран врз основа на пријавени обрасци на јадење и вежбање. Луѓето кои јаделе најмалку пет порции овошје и зеленчук секој ден, редовно консумирале риба, а поретко црвено месо, се оценети во графата за најсооодветна исхрана.

Во посебна група се ставени оние кои редовно вежбаат, а не практикуваат  здрава исхрана. Истражувачите потоа ги споредиле стапките на смртност од сите причини во период од 11 години меѓу сите луѓе чии податоци биле собрани. Откриено е дека луѓето со висококвалитетна исхрана и редовно вежбање имаат 17 отсто помала можност да починат од која било причина отколку претходните лица.

„Почитувањето на квалитетна исхрана и физичка активност се важни за оптимално намалување на опасноста од смрт од сите причини, како што се кардиоваскуларни болести и рак“, вели коавторот на трудот, Џо Ван Бускирк.

Оние во најздравата група имале 19 отсто помали шанси да починат од срцеви заболувања и 27 отсто помали шанси да умрат од рак во однос на оние кои не внимаваат на исхраната