Ако веќе правите домашно тесто за пица, замрзнете си и за другпат

679

Ако мислите дека е сеедно со какво брашно ќе направите пица, тогаш обрнете внимание какво е кога го правите со италијанско брашно тип 00 или, ако немате такво, тогаш со брашно тип 500, а какво кога го правите со брашно тип 400

Нема попопуларна брза храна од топла пица. А можеби е сепак грев да се класифицира овој италијански специјалитет во категоријата брза храна?
Како и да е, не познавам некој што не сака пица, а ако веќе решите да направите домашна пица, тогаш замесете повеќе тесто и замрзнете си некое топче и за следниот пат.

Ако мислите дека е сеедно со какво брашно ќе направите пица, тогаш обрнете внимание какво е кога го правите со италијанско брашно тип 00 или, ако немате такво, тогаш со брашно тип 500, а какво кога го правите со брашно тип 400.

Рецептот е добар, но ви препорачуваме брашно тип 00 или тип 500.

Еве што ви е потребно за да добиете 8 топчиња за пици:

1 кг брашно
2 лажички сол
3 лажички инстант квасец
3 лажички шеќер
3 лажици маслиново масло
550 мл млака вода

Приготвување:

Разматете го квасецот во еден сад со малку млака вода, додадете шеќер и почекајте да се активира.

Ставете го брашното во сад, помешајте ја солта, а потоа додадете го активираниот квасец, маслото и додавајте го брашното.

Замесете тесто и месете го десетина минути. Најдобар ефект се добива ако тестото се удира од површината на масата. Така ќе ја испразните и негативната енергија и ќе се ослободите од стресот и тестото ќе биде таман какво што треба.

Потоа оставете го да нарасне двојно. Поделете го на топчиња и оставете ги уште еднаш да нараснат.

Сега се веќе спремни за да развлечете толку пици колку што ви требаат, а останатите да ги замрзнете за следниот пат.