Природни лекови за рак со метастази

Фото: Pexels
1.148

Природата има навистина голем број лекови на кои треба да им се верува. И не залудно се вели: ако е храната често причина за разни болести, зошто не би била и лек?

Колку важна улога има исхраната во превенцијата на ракот, толку е важна и во текот на самото лекување на болеста, па дури и кога ќе дојде до метастазирање.

Базирајте се на мени кое содржи намирници полни со нутриенти и ензими кои делуваат противвоспалително и ја спречуваат натамошната активност на карциномот.

Урзолинската киселина која се наоѓа во јаболката, боровинките и ориганото, ја попречува активноста на канцерот уништувајќи ги механизмите за негово преживување.

Витаминот Д од млекото, јајцата, лососот и печурките е клучен за продукција на антиканцерогениот протеин GcMAF кој има способност да го пренасочи процесот на метастазите, да ги стопира рецепторите за поттикнување на растот на ракот и ензимите кои влијаат на префрлање на заболувањето во следен, повисок стадиум.

Сулфорафанот кој најмногу го има во никулците на брокулата, го спречува делувањето на слободните радикали и растот на туморот.

Го ублажува воспалнието, го поддржува природниот систем на телото задолжен за детоксикација и го поттикнува системот за имунитет подобро да функционира.

Клучот за спречување на хроничното воспаление и натамошно ширење на ракот е и во ограничувањето на намирниците со висока содржина на скроб и шеќери.

Токму овие два елементи го хранат туморот и го поттикнуваат да расте и да се развива.

Внимавајте при консумирањето на мешунки, затоа што на пазарот се појавуваат и генетски модифициран грав и грашок кои се полни со глукоза и со нивната консумација можете да го поттикнете ширењето на ракот.

Еве неколку природни лекови за лечување на ракот со метастази

Лукот е вистински отров за канцерогените клетки

Му помага на телото полесно да се избори со болеста јакнејќи го системот за имунитет. Влијае на детоксикација на црниот дроб и отстранување на сите штетни материи од телото кои можат дополнително да ја влошат здравствената состојба на заболениот.

Испасирајте две чешниња лук и додадете ги во чаша млака вода, добро измешајте и веднаш испијте. Повторувајте го ова секое утро половина час пред појадокот.

Зелен чај против метастази

Полифенолите во зелениот чај имаат многу силно антиканцерогено дејство. Успешно се борат против хроничните воспаленија и ги спречуваат оштетувањата на ДНК кои можат да доведат ди појава и ширење на ракот на останатите органи.

Две лажички зелен чај ставете во цедилка која ќе ја поставите на шолјата за чај. Прелијте со врела вода. Почекајте околу 2 минути пред консумирањето, а можете и подолго ако сакате посилен чај. Пијте 3-4 шолји дневно.

Куркумата поседува антиканцерогено дејство

Активната состојка куркумин од овој зачин има моќно противвоспалително и антиканцерогено дејство. Ефектен е во било кој стадиум на ракот.

Целосно е безбеден за користење и не го попречува делувањето на стандардната терапија.

Помешајте лажичка куркума, 2 лажички јаболков оцет и прстофат црн пипер. Додадете лажичка рендана кора од лимон и 100 г мед. Измешајте сė добро за да се добие хомогена смеса. Чувајте во стаклена тегла и земајте по 1 лажица дневно.

Слаткиот пелин ги елиминира канцерогените клетки кои почнале да се шират

Гранатирано ги убива туморските клетки, а исто така ги елиминира и канцерогените клетки кои тргнале да се шират на останатите органи.

Четири лажици чај од сладок пелин прелијте со 750 мл зовриена вода која е малку подизладена. Поклопете и оставете го да стои 12 часа па сė исцедете. Преостанатата материја прелијте ја со 250 мл врела вода, почекајте да отстои 15 минути па повторно исцедете. Соединете ја оваа и претходно подготвената течност. Земајте три шолји дневно.

Ајдучката трева успешно ги ублажува симптомите на рак

Претставува едно од најдобрите помошни средства за најтешките заболувања. Позната е по лекување женски болести, но е исто така корисна и за третирање на ракот во напредната фаза. Успешно ублажува многу симтоми кои го следат карциномот

Две полни лажички иситнет цвет од ајдучка трева прелијте со 250 мл врела вода. Оставете го чајот да отстои 15 минути. Пијте го умерено топло и тоа 2-3 шолји на ден.

Шипките го спречуваат ширењето на ракот

Го неутрализира разорното дејство на слободните радикали и спречува ширење на ракот. Подеднакво е корисен и во текот на лекувањето и како превентива. Поседува лековитост и благодарение на високата концентрација на витамин Ц, полифеноли и флавоноиди.

Помешајте ги следните состојки: 10 г шипки, 20 г камилица, 10 г маточина, 10 г лист од боровница, 10 г коприва, 10 г ајдучка трева, 5 г невен и 5 г хибискус. Лажичка од оваа мешавина прелијте со шолја врела вода и оставете да отстои 10 минути, па потоа исцедете. Пијте 1-2 пати дневно.

Совет плус: Што уште треба да правите за да се изборите со метастазите?

Обезбедете си доволно кислород

Слабиот довод кислород до сите клетки во телото го поттикнува ширењето на канцерогени клетки на здравото ткиво.

Постојат доста начини да го подобрите процесот на транспорт доволни количини кислород преку крвта до сите делови од телото, а еден од нив е алкалната диета. Дополнително ќе ви помогнат вежбите на длабоко дишење и редовната консумација на чиста вода.

Потребен ви е здрав сон

Во текот на спиењето, нашето тело се обновува и самостојно се лекува, а исто така се врши и детоксикација на комплетниот организам.

Кога сте во најдлабок сон, вашиот црн дроб вредно работи за да ги елиминира сите канцерогени материи од телото.

Вечерајте три часа пред спиење и пред да легнете во кревет изгаснете ги телевизорот и ноќната лампа.

Позитивен став и убави мисли

Се разбира дека не е лесно, но ова игра голема улога во лечењето на ракот со метастази.

Вака во голема мерка ќе го намалите психолошкиот стрес и позитивно ќе влијаете на процедурата на лекување.

Прочитајте некоја од книгите кои ги напишале лица кои успеале да се изборат против ракот кои ќе ви дадат инспирација и сила да се борите. Ако успешно ги контролирате своите мисли и ставот, ќе делувате позитивно и на своето оздравување.