Ајдучка трева: Дава сила и ја чисти крвта

751

Aјдучката трева има лековито дејство на широк спектар на болести, па може да се каже дека е вреден природен лек бидејќи ги лекува речиси сите болести.

Ајдучката трева е лековито растение кое се вбројува во горчливите чаеви, но важи како „лек против сите болести”. Ајдучката трева  може да се најде како бела (Achilea millefolium) и жолта (Achillea filipendulina). 

Ова лековито растение во народната медицина најчесто се користи за ублажување на болките и за лекување на рани. Освен тоа, корисен е и за лекување на разни болести како стомачни проблеми, надуеност, проблеми со варење и недостаток на апетит. Потоа за нормализирање на метаболизмот, чистење на телото, регулирање на жолчката. Од него често се прави и чај за смирување. За надворешна употреба се користи како антифлогистик, слично на камилицата, што значи за плакнење, преливи и капење.

Ајдучката трева содржи и витамин Ц, па затоа се користи и за хемороиди и крварење. Чувствителните луѓе треба да бидат внимателни кога го користат ова растение бидејќи може да предизвика алергиска реакција. Во такви случаи треба да се пие чај во мали количини.

Ова растение ја чисти и ја зајакнува крвта и органите за варење. Посебно е корисен за лекување на црн дроб, слезина, панкреас, жолтица, наплив на крв во главата, катара во цревата и желудникот, потоа против грчеви, треска, палпитации, болки во долниот дел на грбот, нередовна менструација, хемороиди, несоница, разни осипи и чиреви. Чајот од ајдучка трева е корисен и ги лекува испуканите раце, ранливите брадавици на доилките, како и при третман на осип на кожата – псоријаза. Кога се користи за лекување на псоријаза, како додаток на облогите треба да се користат и третмани за чистење на крвта. Чајот од ајдучка трева се користи за третман на ангина пекторис, а ги намалува и тешкотиите предизвикани од гихт и ревматизам. Помага при прекумерно крварење. Поволно делува во лекувањето на дијабетесот, особено во раните фази. Со својот горчлив вкус го поттикнува апетитот, го поттикнува лачењето на желудочниот сок и поволно делува на слузницата на желудникот, го поттикнува варењето. Калиумот, кој се наоѓа во ова растение, им помага на бубрезите, срцето и циркулацијата на крвта. Познато е и дека се користи за лекување на женски болести, како што се цисти на јајниците.

Врз основа на сето ова може да се заклучи дека ајдучката трева има лековито дејство на широк спектар на болести, па може да се каже дека е вреден природен лек бидејќи ги лекува речиси сите болести.