Вистинската храна не доаѓа во пластика: 20 едноставни правила за готвење без отпад и еден рецепт

Фото: Unsplash
292

Вистинската храна, која мора да ја подготвите и да ја зготвите, не се продава во пластична амбалажа.

Намалувањето на отпадот во кујната е една од најрадикалните, но сепак најлесните работи што можете да ги направите оваа година. Купување вистинска храна, на пазар или од фармери, зимница и малку внимание во однос на чувањето на храната се доволни за драстично да го зголемите квалитетот на вашето готвење и да го намалите отпадот и трошоците во исто време.

Откако разгледавме десетици портали за нула отпад пристапот во храната, од најрадикалните кои се залагаат за преселба во дивина до оние кои ја третираат како тренд и ја претвораат оваа тема во површен стил на живот, составивме листа на разумни и практични правила кои секој што сака може веднаш да почне да ги имплементира. Секако, можете и вие ако сакате да започнете со свесно пазарење храна, готвење и јадење. Концептот уште полесно ќе го разберете со помош на нашиот рецепт и ќе видите како може да се зготви оброк без ништо од намирниците да заврши во отпад. Ако промените само една од навиките на кои се однесуваат ставките на оваа листа, веќе сте придонеле за подобра состојба.

  1. Јадете вистинска наместо преработена храна

Што обично доаѓа во пластична амбалажа? Преработената храна, брзата храна и некои основни намирници како ориз, кои можете да ги најдете и во платнени или хартиени пакувања. Вистинската храна, која мора да ја подготвите и да ја зготвите, не се продава во пластика.

  1. Откажете се од пластичните шишиња

Не купувајте вода, сокови, енергетски пијалаци или уште полошо, пиво и вино во пластични шишиња. Наместо тоа, филтрирајте ја водата.

  1. Фрлете ги пластичните садови и приборот за еднократна употреба.

Не ви се потребни пластични кеси, сламки, стапчиња за јадење, прибор за јадење, чинии и чаши, ако се организирате малку подобро.

  1. Купувајте со ваши торби за пазарење

Големите платнени кеси за намирници се цврсти, практични и се перат. И тие не создаваат отпад.

  1. Носете свои тегли, шишиња и лименки

На пазар и во продавниците што продаваат храна на мерење и на точење, понесете свои тегли, лименки или шишиња ако е можно. Ќе си го олесните животот, а и околината.

  1. Купувајте храна почесто и во помали количини
  2. Купувајте на мерење

Купувајте ориз, брашно, јаткасти плодови, наут и слична храна на мерење секогаш кога можете.

  1. Купете се што можете на пазар
  2. Изберете свежо сезонско овошје и зеленчук
  3. Фокусирајте се на долните делови од синџирот на исхрана

Интересно е што храната пониско во синџирот на исхрана е полесно да се најде на мерење или непакувана од оние што се позиционирани повисоко. Накратко, почесто купуваме сирење и месо во целофан и стиропор отколку, да речеме, грав или зелка.

  1. Купувајте млеко во стаклени шишиња
  2. Купете леб во пекари

Прескокнете ги пластичните кеси и ставете го лебот во платнена торба за пазарење. Не купувајте пакуван леб во супермаркети.

  1. Купете чај во ливчиња.
  2. Гответе. Правилното и редовно готвење е најдобриот начин за намалување на отпадот. Со готвење свежа храна од пазар, не само што го намалувате амбалажниот отпад, туку и отпадот од храна. Редовното готвење значи купување и фрлање помалку храна.
  3. Научете да ја конзервирате храната

Ферментирањето, сушењето, чадењето, маринирањето, се одлични и здрави начини за зачувување на храната кои можете доста добро да ги совладате дома и на тој начин да го намалите отпадот.

  1. Направете сами млеко од растително потекло

Ако користите бадемово или оризово млеко, направете го сами наместо да го купувате во тетрапак. Домашното растително млеко може да се чува во стаклено шише во фрижидер до три дена. Правете помали количини

  1. Обидете се сами да ги направите основните намирници

Сè, од јогурт до екстракт од ванила до чоколаден сируп, никулци и разни пиреа од зеленчук може лесно и квалитетно да се направат и дома, избегнувајќи трупање на шишиња и пластика.

  1. Компостирајте ако можете
  2. Заменете ги пластичните садови со стаклени

Стек од карфиол со крцкави листови од карфиол и сос од лешник

Ако сте навлечени на здрава исхрана или едноставно обожавате карфиол, веројатно веќе сте ги совладале стековите од карфиол. Она што е помалку познато е дека листовите од карфиол се веројатно најдобриот прилог за ова јадење, особено кога се служат крцкави.

Состојки:

1 мал карфиол со лисја
маслиново или ладно цедено сончогледово масло
80 гр лешници, натопени преку ноќ во вода и исцедени
1 големо чешне лук
50 мл екстра девствено маслиново масло, плус малку за сервирање
2 лажички вински оцет
25 гр стар леб
2 гранчиња нане, откинете ги листовите, ситно исечкајте ги стебленцата

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Поголемите листови карфиол се одвојуваат, се сечат на половина по должина и се ставаат во тавче за печење со средна големина. Карфиолот исечете го вертикално, на парчиња со дебелина од 3 сантиметри, додадете ги во плехот. Истурете маслиново масло, сол и црн пипер. Печете 25 до 35 минути, додека карфиолот малку не потемни по рабовите и омекне.

За сосот од лешници, ставете 50 грама лешници во блендер со лук, екстра девствено маслиново масло и оцет. Потопете го лебот во 120 мл вода неколку секунди, само да омекне. Измешајте сè заедно неколку минути во блендер за да добиете мазна смеса.

Послужете го печениот карфиол со крцкави листови и со сос од лешник. Преостанатите лешници здробете ги и поросете ги врз карфиолот, поросете ги листовите нане и со исечканите стебленца.