Денес се одбележува светскиот ден на јаболката: Направете бомбици со додаток на кекси, ореви и чоколадо (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб
529

Ова е навистина одлична идеја за брз десерт кој можете да го направите дури и ако не сте многу искусни во кујна.

Јаболката ја носат титулата најпознато овошје. Денес се познати преку 8.000 сорти од ова овошје, кои варираат со вкусот од слатко до кисело. Тие имаат и свој ден кој се слави на 21 октомври. Нашироко е познато дека едно јаболко на ден го штити нашето здравје и дека од него се прават највкусните задоволства. Во чест на ова овошје, еве еден рецепт кој може да ви се најде, а е многу лесен за правење.

Состојки:
2 јаболка
200 г мелени бисквити
1 лажичка цимет
половина шолја мелени ореви

Глазура:

¾ шолја млеко
65 г какао во прав

Приготвување:

За почеток, излупете 2 големи јаболка, исечете ги на четвртинки и извадете го јадрото. Изрендајте ги на поситно ренде. Оставете ги ренданите јаболка на страна. Додадете им бисквит, па лажичка цимет и половина шолја мелени ореви. Измешајте ја смесата додека не се соедини. Формирајте топчиња. Покријте ги со фолија за да не се исушат. Оставете ги во фрижидер 30 минути.

Во меѓувреме подгответе ја глазурата. За ова, измешајте ги млекото и какаото во прав во тенџере и варете додека смесата не зоврие. Мешајте постојано за да избегнете грутки и да не се залепи на дното на тавата. Варениот и згуснет сос тргнете го од оган, префрлете го во чинија и оставете го да се излади. Извадете ги топчињата од јаболка и секое премачкајте го со чоколаден прелив. Декорирајте по желба.