Со готвење овој зеленчук не губи, туку добива на квалитет!

Фото: Unsplash
607

Со термичка обработка на овој зеленчук се ослободуваат до 40 проценти од важното соединение што го содржи. Се препорачува за болни од рак!

Ако сакате да уживате во максималните придобивки од морковот, термички обработете го пред јадење. Имено, свеж, тој содржи само три проценти бета-каротен, додека со термичк обработка, како варење или печење, се ослободуваат и до четириесет проценти од ова важно соединение.

Бојата на морковот укажува дека е богат со бета каротин, а потоа следат витамин К, витамин Ц, витамин Е, витамин Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина, фосфор, калиум, манган и молибден.

Богат е и со вредни антиоксиданти – каротеноиди, хидроксинамички киселини и антоцијани.

Метаболичкиот претходник на витаминот А, бета каротенот, оправдано е именуван по морковот (лат. Carota), бидејќи тој содржи 407 проценти од неговата дневна препорачана доза. Бета каротинот го зајакнува имунитетот, штити од инфекции и рак.

Редовното консумирање на бета каротин го намалува ризикот од глауком и катаракта, помага во зачувување и подобрување на видот и ја намалува миопијата – особено кај децата.

Бета каротинот е пожелен во исхраната на болните од рак (особено рак на белите дробови, желудникот, хранопроводникот, тенкото црево, грлото на матката и самата матка), бидејќи, според истражувањата, тие имаат една третина помалку од нормалното ниво.

Адекватна дневна доза на бета каротин кај пушачите значително ги намалува шансите за добивање рак на белите дробови и емфизем.

Редовната консумација на моркови:

– го намалува ризикот од мозочен удар за 40 проценти

– го штити видот

– го стимулира варењето и функцијата на црниот дроб

– штити од повеќе видови на рак

– го зачувува здравјето на срцето и крвните садови

– го зајакнува имунитетот

– помага при дијареа

– го подобрува изгледот на кожата

– го чисти организмот.