Дали знаевте дека семките од лимон се вистинско богатство за здравјето? Еве колку можете да јадете и какви придобивки носат тие

Фото: Pexels
312

Семките од лимон можете да ги консумирате такашто ќе ги смелете, ќе ги сварите во вода и ќе ја испиете таа течност. Имајте на ум дека не се препорачува да се консумираат повеќе од три семки лимон дневно и дека ако не ги смелете пред да ги изедете, веројатно нема ни да ги сварите.

Лимонот е многу корисен и добар за нашето здравје, а причина за тоа е пред сѐ витаминот Ц кој го има во изобилство. Сепак, помалку е познато дека и семките од овие здрави плодови се исто така вистинско богатство за здравјето.

Имено, семките од лимон можете да ги консумирате такашто ќе ги смелете, ќе ги сварите во вода и ќе ја испиете таа течност. Покрај тоа, постои и паста направена од семки од лимон, која е одличен додаток на јадењата. Имајте на ум дека не се препорачува да се консумираат повеќе од три семки лимон дневно и дека ако не ги смелете пред да ги изедете, веројатно нема ни да ги сварите.

Како и самиот лимон, неговите семки се полни со витамин Ц и се добар извор на лимоноиди и флавоноиди. Ако ви стане навика да ги консумирате овие семки, ќе му обезбедите на вашето тело важни антиоксиданти, а со тоа ќе го намалите ризикот од оксидативен стрес, но и од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, рак и други.

Аналгетско дејство

Семките од лимон може да се претворат и во квалитетно масло – кое е одличен природен аналгетик. Имено, маслото од семки од лимон, позитивно делува на деловите од мозокот кои се поврзани со рецепторите за болка, што дава аналгетско дејство.

Создавање на колаген

Стареењето на кожата е резултат на намалување на производството на колаген. Најдобар начин за забавување на стареењето на кожата е зголеменото внесување на витамин Ц, кој освен што ја штити кожата од различни негативни фактори – му овозможува на телото да синтетизира колаген.

Инфекции

Екстрактот од семе од лимон може да биде добар сојузник во превенција и третман на разни инфекции. Откриено е дека состојките во кората од лимон може да го намалат ризикот од прекумерен раст на кандида, која со преголем раст може да направи многу штета.

Ја подобрува меморијата и концентрацијата

На пазарот се достапни различни препарати кои преку своето делување помагаат во функционирањето на мозокот. Меѓу нив е маслото од семки од лимон, кое е многу корисно за меморијата и концентрацијата, а наводно и го подобрува расположението – поради позитивното влијание на рецепторите за допамин и серотонин.