Данска победи на светскиот натпревар за готвачи: Детско жири додели и посебна награда за најдобро мени за деца

Фото: Инстаграм
103

Бокус д’Ор е светски натпревар за готвачи кои сакаат да ги кршат правилата и се одржува во Лион, Франција уште од 1987 година. Годинава е доделена и специјална награда од страна на детско жири, за најдобро детско мени, а за победник е прогласен францускиот тим, иако Данска е прогласена за победник на натпреварот.

Во Лион, Франција беа прогласени најдобрите тимови за готвење во светот. Победи селекцијата на Данска, а по неа следуваат Шведска и Унгарија.
Данска ја освои Bocuse d‘Or 2023, благодарение на импресивното мени со рибата грдобина како главна намирница. Ова издание на Bocuse d’Or стави голем акцент на идејата за социјален ангажман. Посебно интересен е настанот наречен „Нахрани ги децата“. Секој тим мораше да дизајнира цело мени кое беше и нутритивно избалансирано и забавно да им се понуди на децата. Составено е и специјално „детско жири“ со деца на 10-годишна возраст кои ги коментираа јадењата на тимовите од 24 земји. Норвешка го освои второто место, а Унгарија третото место. Строгото детско жири додели специјална награда за најдобро детско мени, а за победник е прогласен францускиот тим, иако Данска е прогласена за победник на натпреварот.
Пол Бокус го дизајнираше овој престижен светски натпревар за готвачи уште во 1987 година. Денес, Bocuse d’Or е многу повеќе од само гастрономски натпревар; тоа е лабораторија на извонредност и инкубатор на таленти каде посветеноста, страста, техниката и креативноста ги одредуваат најголемите готвачи на утрешнината. Тоа е отскочна штица за секој кој сака да стекне меѓународно признание.
Во изминатите 35 години, Bocuse d’Or е неспоредлив меѓународен настан кој го инспирира светот на гастрономијата со истакнување на најновите трендови во светската кујна, кои на секое издание инспирираат нови генерации готвачи. Тоа е исто така омилено место за многу земји да ја промовираат својата кујна, нивните локални производи и нивните готвачи.