Дали знаете што е Чапати?

Фото: Unsplash
522

Станува збор за Чапати/Роти, ајурведски леб без квасец. Може да се подготви на многу начини и со различни видови на брашно.

Роти е генерички термин и затоа има многу други имиња за различните видови од овој ајурведски леб без квасец, како што е и „чапати“.

Може да се расука со сукало или меѓу дланките и може да се пече на тава или директно на оган.

Во овој рецепт ја опишуваме роти погачата или надуена погача со интегрално брашно. Ајурведските текстови ги споменуваат житарките како зрна што го зајакнуваат телото. Доколку сакате да имате енергија, пробајте домашно чапати. Ова е толку лесно за правење и има прекрасен вкус.

Состојки:

2 шолји брашно (интегрално, гриз, спелта, јачмен или хељда).

3/4 шолја топла вода

1-2 лажици Ги масло 

Сол по вкус

Тостиран ким и/или семки од анасон

Приготвување: Земете ги сите состојки и додадете ја топлата вода. Месете убаво додека не добиете меко тесто. Оставете го тестото да одмори околу 30 минути и потоа повторно премесете го. Направете топчиња со големина на орев и расукајте ги на набрашнета површина додека не станат многу тенки. Загрејте ја тавата на средна топлина и печете ги чапатите од секоја страна околу 30 секунди.

Послужете со топло Ги масло и зеленчук со кари или со леќа.