Дали може да се замрзнува и млекото?

349

И млекото можете да го замрзнете! Сепак, постојат некои стапици кои секако треба да ги избегнувате…

Ако млекото го трошите само за колачи и како додаток во кафе, веројатно честопати се прашувате дали млекото може да се замрзне? Добрата вест е дека може! Ова важи за секој вид млеко – свежо, долготрајно или растително. Еве што мора да знаете.

Како да замрзнете млеко?

Ако мислевте дека треба само да го пикнете млекото во фрижидер, веднаш откажете се од идејата. Добро е да се замрзне млекото во посебен сад, пластичен. Млекото се шири кога ќе замрзне, што може да предизвика пукање на тетрапакот во кој се наоѓало млекото и со тоа да се направи вистински неред во замрзнувачот.

Идејата е да го ставите млекото во сад – или повеќе од нив, и да оставите неколку сантиметри празен простор. Може да послужи и пластична кеса за замрзнување храна. Доколку сте купиле малку повеќе млеко со намера да го замрзнете, не заборавајте да го сторите тоа пред датумот на истекување, а по можност додека млекото е свежо.

Како да го користите?

Може да стои до 3 месеци во замрзнувачот без страв да се расипе, иако е подобро да се искористи што е можно поскоро за да не се апсорбираат мирисите од другите намирници што стојат во фрижидерот. Пред да го искористите, ставете го во фрижидер да се стопи, што може да трае цел ден – во зависност од количината. Најдобро е да го искористите во рок од ддва дена.

Бидејќи мастите се одвојуваат поради замрзнувањето, може да забележите „трошлива“ текстура на млекото, но ова е сосема нормално. Од оваа причина, подобро е да се замрзне млеко со помал процент на маснотии.

За да дојдете до онаа позната текстура на млеко, само протресете го садот или ставете го во блендер. Ако сè уште не сте задоволни со текстурата, тогаш користете го млекото за правење колачи, за готвење и за напитоци!

Фото: Pexels