Едноставeн начин да спречите појава на камчиња во бубрезите

Фото: Unsplash
252

Овој мал трик може да биде одлична превентива од појава на камчиња во бубрезите. Секој ден цедете по два лимона и пијте го нивниот сок со најмалку шест чаши вода.

Сигурно знаете дека во бубрезите може да се формираат мали камчиња или песок, кои можат да создадат многу здравствени проблеми, а нивното поминување низ уринарниот тракт е доста болно. Најдобар начин за лекување на камчиња во бубрезите е да се спречи нивното појавување.

Камењата во бубрезите се всушност тврди кристали направени од минерали и киселински соли кои се формираат внатре во самиот орган, а најчесто се направени од калциум оксалат. Иако лекарите тврдат дека не можат да направат трајна штета, фактот што нивното поминување низ уринарниот тракт може да биде многу болно е доволно за да направите се што е во ваша моќ за да ја спречите нивната појава.

Дали припаѓате на ризична група?

Дали сте кандидат за формирање на камчиња во бубрезите зависи од вашиот пол, исхрана, но и од местото каде што живеете. Камчињата се почести кај мажите, но бројот на жени кои страдаат од овој проблем е драстично зголемен во последните 10 години, насекаде низ светот, а експертите тоа го препишуваат на наглите промени во исхраната и на климата.

Ризикот од појава на камчиња во бубрезите се зголемува кај мажите кога ќе навлезат во петтата деценија од животот, а тој ризик постојано се зголемува до седумдесеттата година од животот. Кај жените оваа граница е нешто повисока, тие се со малку поголем ризик кога ќе наполнат 50 години, а ризикот е малку поголем кај помладите жени за време на бременоста поради хормоналните промени низ кои поминува телото во овој период. Истражувањето исто така покажало дека ако ви се создаде едно камче, имате 50 проценти шанси да добиете уште едно.

Според лекарите, исхраната е многу важен фактор кога станува збор за превенција, а многу студии ја докажале врската помеѓу дебелината и камчињата направени од уринарна киселина. Покрај здравата исхрана, постои и еден народен лек кој може да ви помогне да ја спречите оваа појава, а го препорачуваат многу лекари ширум светот. Тоа е обична вода со свеж лимон.

Цитратите кои се наоѓаат во лимонот помагаат да се отстранат малите камчиња и да се спречи формирање на нови. Лекарите препорачуваат да цедите лимони два пати на ден и да пиете помеѓу 6-8 чаши вода, особено ако живеете во област каде што влажноста е висока.

Доколку не сте знаеле местото каде што живеете може да влијае на формирање на камења во бубрезите, а тоа се обично места со високо ниво на влажност во воздухот, како и малку потопли области бидејќи високите температури предизвикуваат потење и дехидрација, што го зголемува ризикот од појава на камчиња. За среќа, овој мал трик кој ви го откривме може да биде одлична превентива, па секој ден цедете два лимона и пијте го нивниот сок со најмалку шест чаши вода.