Запиперете за здравје

Фото: Unsplash
135

Од дамнешни времиња, пиперот се користи за лекување на многу болести – од артритис и воспаленија до дигестивни проблеми. И денес овој крал на зачините се препорачува за зајакнување на имунитетот и детоксикација, а секогаш кога можете користете го свежо мелен …

Пиперот е еден од најраспространетите зачини во светот, а освен што е ароматичен, тој е и исклучително лековит. Во древната ајурведска медицина е познат како „крал на зачините“ и се користи стотици години поради неговите придобивки. Го користеле и старите Грци и Римјани, а неговата цена била огромна.

Во малите зрна се крие богатство од витамини и минерали, како што се витамините К и А и калциум, магнезиум, калиум и фосфор. Освен тоа, пиперот е и извор на диетални влакна. Исто така, може да ја зголеми апсорпцијата на основните хранливи материи, како што се калциумот и селенот, како и некои корисни растителни соединенија, како оние што се наоѓаат во зелениот чај и куркумата. Ако тоа не е доволна причина почесто да го вклучувате во исхраната, добра е и онаа дека пиперот поттикнува здраво варење и го зголемува бројот на добри бактерии во цревата.

Бидејќи цревата исто така влијаат на имунитетот, хроничните болести и расположението, важно е да се одржуваат во форма. Некои истражувања покажуваат и дека кралот на зачините е природен лек против болки, а се препорачува и за чистење на телото од токсини и слабеење.

Моќен антиоксидант

Слободните радикали ги оштетуваат клетките и можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, како што се забрзано стареење и срцеви заболувања. Супстанциите кои можат да се најдат во пиперот, имаат антиоксидативно дејство и можат да ја спречат или забават штетата предизвикана од слободните радикали.

Здравје на мозокот

Пиперинот, исто така, помага да го одржиме нашиот мозок во форма подолго време. Затоа, пиперот може да помогне да се намали ризикот од Алцхајмерова или Паркинсонова болест. Дополнително, наросете го оброкот за подобра меморија.

Антивоспалително дејство

Хроничното воспаление го зголемува ризикот од артритис, срцеви заболувања, дијабетес и рак. Бројни студии сугерираат дека пиперинот од пиперот може да помогне против воспаление во телото.

Намалете го шеќерот

Истражувањата ја покажуваат ефикасноста на пиперот во врќањето на метаболизмот на шеќерот во рамнотежа. Ако се користат моќните зрна во храната, шеќерот во крвта ќе се зголемува побавно.

Намалување на холестеролот

Високиот холестерол во крвта е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања, што е водечка причина за смрт во светот. Со своите корисни ефекти, пиперот го намалува нивото на лошиот холестерол, а покрај тоа се верува дека пиперинот ја подобрува апсорпцијата на додатоците во исхраната кои го намалуваат холестеролот, како што е куркумата.