Имате висок холестерол, сакате да ги елиминирате токсините или да превенирате рак и срцеви болести? Направете детоксикација со ленено семе

Фото: Pixabay
465

Докажано е дека лененото семе може да помогне во спречување на разни видови на рак, особено рак на дебелото црево. Исто така, лененото семе ќе помогне да се намали вкупниот холестерол и лошиот (ЛДЛ) холестерол, што може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања.

Семињата на повеќето растенија се одличен извор на хранливи соединенија и можат да го подобрат здравјето на различни начини. Сепак, семките од лен се навистина посебни затоа што докажано е дека можат да играат важна улога во спречувањето на разни болести, a особено рак, дијабетес тип 2 и болести на кардиоваскуларниот систем.

Лененото семе содржи многу малку холестерол и сол. Тоа е добар извор на магнезиум, фосфор и бакар и одличен извор на диетални влакна, тиамин и манган.

Лененото семе е одличен извор на несварливи влакна, што ги прави важни за одржување на здрав дигестивен систем.

Влакната од семето ќе го подобрат функционирањето на целиот дигестивен систем, а се покажаа како особено добри во подобрувањето на функцијата на слепото црево.

Лененото семе содржи растворливи и нерастворливи влакна кои влијаат на вашето здравје и физичка кондиција на повеќе начини.

Нерастворливите влакна ќе помогнат во отстранувањето на отпадот и токсините од дигестивниот систем и ќе ја подобрат работата на црниот дроб, што е клучно за елиминирање на токсините од телото.

Растворливите влакна апсорбираат вода од желудникот и цревата. Потоа формираат гел кој ја успорува работата на дигестивниот систем за да може да апсорбира повеќе хранливи соединенија од храната. Лененото семе ќе ви помогне да го зголемите чувството на ситост, што е идеално за слабеење.

Лененото семе содржи омега 3 масни киселини, антиоксиданти, минерали и витамини. Тие ќе помогнат да се спречи хронично воспаление и запек.

Докажано е дека лененото семе може да помогне во спречување на разни видови на рак, особено рак на дебелото црево.

Лененото семе ќе помогне да се намали вкупниот холестерол и лошиот (ЛДЛ) холестерол, што може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања.

Како да користите ленено семе за детоксикација?

Важно е лененото семе што го земате да биде органски и да не содржи пестициди и хербициди.

Постојат различни начини на користење на ленено семе за чистење на дигестивниот систем.

Цело ленено семе

Измијте 1 до 2 лажици ленено семе и ставете ги во чаша. Прелијте ги со филтрирана вода и оставете ги да отстојат преку ноќ.

Наутро ќе забележите дека формирале гел. Во период од најмалку 2 недели, јадете натопени ленени семиња.

Мелено ленено семе

Меленото ленено семе е малку полесно за употреба бидејќи можете да го додадете во јогурт, салати, житарки или во смути.

Идеално би било доколку секој пат користите свежо смелено семе бидејќи тоа може брзо да ги загуби своите хранливи својства.

Ако сакате да го користите лененото семе веднаш по неговото мелење, тогаш навистина ќе ги искористите сите омега 3 масни киселини што ги содржи.