Јаболкото го чува компирот, ама само него: Трикови за зачувување на свежината на намирниците

Фото: Pixabay
296

Јаболките секогаш чувајте ги посебно затоа што гнилите јаболка ќе го уништат останатото овошје. Ама кога станува збор за тоа како да ги чувате компирите, токму јаболко е она што ви треба

Сигурно често ви се случува салатата, спанаќот и блитвата да ви овенат пред да стасате да ги изедете, морковитеда омекнат, а компирите да омекнат и да никнат. Сигурно и вие правите некои грешки кога треба да ги складирате намирниците па го забрзувате процесот на скапување, наместо да го продолжите. На пример, можеби го мешате овошјето со друго овошје затоа што убаво ви изгледа кога се наредени заедно во некој сад, ама тоа не е добро за овошните плодови бидејќи јаболката можат да ги уништат сите останати. Ако пак го знаевте ова, можеби мислите дека истото ќе им се случи и на компирите ако случајно ви паднало некое јаболко меѓу нив. Всушност, за нив важи токму спротивното. Со овие совети продолжете го векот на траење на свежите намирници, научете или потсетете се како правилно да ги чувате.

Овошје

Јаболките секогаш чувајте ги посебно затоа што гнилите јаболка ќе го уништат останатото овошје. Овошјето и зеленчукот не ги мијте пред да ги ставите во фрижидер. Исклучок од ова правило е зрнестото овошје кое ќе трае подолго ако накратко се потопи во вода со малку оцет (во размер 3/1). Потоа измијте го и добро исушете го пред да го ставите повторно во фрижидер.

Компири

Компирите се храна која треба да се чува на суво и темно место, како што е оставата, чајната кујна или гаражата, но не секој е во состојба располага со вакви простории. Ако компирот е на светло и влажно место, тој почнува да ‘рти и брзо ја губи цврстата текстура и препознатливиот вкус. Затоа, постои едноставен начин да го спречите тоа, а ви треба само едно јаболко. Сè што треба да направите е да додадете едно јаболко во садот или вреќата со компири, во самата средина. Јаболкото произведува и испушта етилен, природен гас кој го спречува ‘ртењето на компирот.

Со оглед на тоа што јаболката предизвикуваат премногу брзо зреење на овошјето и зеленчукот, држењето на јаболката подалеку од нив е добро за другите производи, но не и за компирите. Тие, ако ги складирате некаде со јаболко меѓу нив, ќе останат цврсти и без да никнат, дури и по осум недели, во споредба со компирите складирани без јаболко.

Лимон

Ако го оставите лимонот на собна температура, ќе издржи околу една недела. Ако се стави во кесичка и добро се затвори и се стави во фрижидер. Ќе издржи еден месец.

Леб

Најдобро е да се чува во кутија за леб. Ако немате, би требало да го извадите од картиената кесичка и да го ставите во пластична кеса со перфорирани дупчиња кои ќе му даваат малку воздух. Лебот не се чува во фрижидер.

Зелена салата

Џејми Оливер прави вака: издвојте ги листовите, но не ги сечете на помали парчиња. Потоа потопете ги во вода на 10 минути и исцедете ги. Во фиоката за овошје и зеленчук во фрижидерот ставете чиста крпа, листовите салата наредете ги врз неа, па покријте ги со друга крпа.

Трајно млеко

Ова млеко се расипува без да се скисели. Не можете ни да забележите дека повеќе не е добро, а тоа е расипано! Затоа отвореното млеко чувајте го во фрижидер најмногу 4 дена.

Кашкавал

Вакумираните парчиња можат да седат во фрижидерот до датумот што е означен на пакувањето. Отворените можат да се завиткаат во кујнска крпа попрскана со оцет.

Моркови

Ако сте купиле моркови со листови, отстранете ги пред да ги стваите во фрижидер. Освен тоа, морковите ќе издржат подолго ако се завиткаат во мокра кујнска крпа и се чуваат во фиоката за зеленчук и овошје.

Авокадо

Одберете тврд плод и завиткајте го во хартиена кеса или хартија од весник и оставете го надвор од ладилникот за да дозрее.

Преполовеното авокадо брзо потемнува па за да го спречите ова, не ја отстранувајте семката, а пресечената површина премачкајте ја со маслиново масло или сок од лимон. Потоа можете да го ставите во фрижидер.

Зачински билки

Малата пластична кеса може да направи чуда. Ливчињата ставете ги внатре и потоа во фрижидер. Така можат да траат со денови. Зачинските билки кои сте ги губиле во китка ставете ги во чаша вода како цвеќе. Ако не ги искористите набрзо, искинете ги ливчињата и сепак ставете ги во пластична кеса и право во фрижидер.