И пчеларската традиција на Словенија се најде на листата на УНЕСКО

Фото: Unsplash
119

По веста од Франција и од Србија дека францускиот багет и српската ракија од сливи, позната како шљивовица се ставени на листата на УНЕСКО, денес и Словенија објави дека нејзината пчеларска традиција е додадена на оваа листа

Експертите од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои оваа недела се собраа во Мароко, одлучија дека пчеларството во Словенија заслужува признание како пример за важна културна традиција, соопшти денес словенечкото Министерство за култура.

Во соопштението се наведува дека е докажано богатството на пчеларското наследство во Словенија, неговата долга историја и големата вештина, знаење и практика која се пренесува од генерација на генерација.

„Пчеларството со своето недвижно и движно наследство е силно вкоренето во Словенија, а во модерните времиња пчеларството се развива и во урбаните средини“, се додава во соопштението.

Словенија претходно доби поддршка од Обединетите нации да го прогласи 20 мај за Светски ден на пчелата во 2018 година.

Словенечките пчелари имаат околу 200.000 пчелни колонии и домашен подвид, крањската пчела која е позната по својата „послушност, трудољубивост, понизност и одличен смисол за ориентација.