Како да ги намалите мастите во крвта? Овие природни лекови го елиминираат вишокот

Фото: Unsplash
851

Холестеролот и триглицеридите претставуваат два облика на липиди (масти) во телото, а кога се тие зголемени, се ризик за развој на дебелина, метаболички синдром, болести на срцето и крвните жили. Имаме два едноставни рецепти за природни лекови за намалување на холестеролот и мастите во крвта

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност, зголемените маснотии во крвта денес станаа вообичаена болест. Зголеменото ниво на масти, холестерол и триглицериди во крвта е ризик за развој на дебелина, метаболички синдром, болести на срцето и крвните жили.

Триглицеридите се масти кои ги внесуваме со храната (тие се главната состојка на животинските и растителните масти), а ги произведува и нашето тело. Тие се наоѓаат во масните клетки како складиште на енергија. Сè што јадеме прекумерно се претвора во триглицериди и се депонира во форма на масни наслаги. На зголемувањето на маснотиите, покрај внесот на масна, пржена храна, влијае и недостатокот на физичка активност, вишокот килограми, прекумерното внесување шеќери, пушењето, стресот, како и некои болести на штитната жлезда…

Зголемените масти во крвта го зголемуваат ризикот од атеросклероза, кардиоваскуларни болести и смрт од кардиоваскуларни болести.

Како да ги намалите мастите во крвта
Понекогаш, кога нивото на маснотии е зголемено, можеме да забележиме задебелување на горниот очен капак, како жолти дамки или на други делови од телото. Затоа, одвојте неколку минути пред спиење и направете го овој природен лек против маснотиите во крвта!

Земете три суви смокви и направете дупчиња со чепкалка од сите страни, па ставете ги во стаклен сад во кој претходно сте ставиле 2 дл јаболков оцет. Оставете преку ноќ и наутро изедете ги трите смокви.

Остатокот од оцетот не го фрлајте, туку следната вечер повторно ставете три смокви подготвени на ист начин. Тие 2 дл оцет може да се искористат за седум дена. Осмиот ден земете нов оцет и постапката повторете ја втората недела, по што правите пауза од 14 дена.

Напиток за намалување на холестеролот
Лимон и магдонос за холестерол

Потребни состојки:

1 кг лимон
5 китки магдонос
3 литри вода
1 кесичка сода бикарбона

Приготвување:
Измијте го лимонот во ладна вода, а потоа натопете го во топла вода со претходно измешана кесичка сода бикарбона. Оставете ги состојките во водата околу еден час. Магдоносот со стеблото исечкајте го на помали парчиња, па направете го истото и со лимонот (заедно со кората).

Во сад ставете ги магдоносот и лимонот, прелијте ги со три литри вода и варете на пониска температура околу два до три часа за добро да се сварат состојките. После тоа, исцедете ги, а течноста што останува, околу 1,5 л сируп, префрлете ја во чисто шише.

Пијте по една ракиена чаша секое утро на празен стомак две недели. Резултатите сигурно нема да изостанат.