Како да замрзнете свежи цреши и вишни

Фото: Unsplash
484

Сè повеќе луѓе претпочитаат да чуваат овошје и зеленчук во замрзнувач, сирови или со минимална термичка обработка.

Речиси и нема домаќинство што нема замрзнувач. Во нашето секојдневие, големите замрзнувачи значително ја намалуваат потребата семејствата да складираат намирници за зима кои се преработени на некој начин.

Сè повеќе луѓе претпочитаат да чуваат овошје и зеленчук во замрзнувач сирови или со минимална термичка обработка.

Причина за тоа е фактот што замрзнувањето во голема мера го зачувува квалитетот на вкусот и корисните својства на овошјето и зеленчукот, а овозможува конзумирање на сезонски производи во текот на целата година.
Добрата вест за љубителите на цреши и вишни е што може да се чуваат и во замрзнувач. Здравите цели плодови од ова сочно овошје се користат за замрзнување.

Плодот внимателно се мие, се цеди и се чисти од стебленца, а по желба и од семки. После тоа, префрлете ги во кесичките за замрзнување, но внимавајте да не претерате за да не се смачкаат. Лесно исцедете го воздухот и ставете ги во фиоките. Вака подготвените плодови може да се чуваат во фрижидер од 8 до 12 месеци.

Се одмрзнуваат на собна температура.