Како да знаете дали се доматите прскани?

Фото: Unsplash
628

Ако не сте сигурни во безбедноста на доматите што ги купувате, купете еден за проба и исечете го. Погледнете ја внатрешноста и ќе знаете дали бил третиран со хемија и отрови. И гледајте да не се сите толку совршени и исти по облик и големина

Колку и да мислиме дека знаеме да одбереме квалитетно овошје и зеленчук на пазарот, дома најчесто сме разочарани, бидејќи често го нема вкусот што го очекуваме.

Пролетта во голема мера започна, а понудата на пазарите и во маркетите вклучува и овошје и зеленчук кои се чуваат цела зима. За да траат подолго, се третираат со восок, глицерин, парафин, калциум хлорид, а најопасна од сите овие супстанции е дефинил. Всушност, ова е производ кој настанува со преработка на нафта и има тенденција да биде канцероген.
Се чини дека стравот и сомнежот на пазарите не се сосема неразумни, особено кога ќе се земат предвид хемикалиите со кои се прскаат производите.

Како да знаете дали се прскани доматите?
За да одредите дали плодовите имаат пестициди, можете да исечете еден домат и да ја погледнете неговата внатрешност. Обично доматот со токсини има жолтеникави линии, во центарот се наоѓа жолт „дел“. Обрнете внимание доматите да не бидат со иста големина и идентичен изглед. Затоа избегнувајте спакувани домати.

Ако доматот не изгледа „совршено“, ако има бразди, кафеави шари или изгледа „фелерично“, најверојатно се работи за непрскан домат.