Компанијата „Бејкинг фектори“ ќе донира тортилји за бездомниците

97

Со донацијата на производи на тие на кои им е најпотребно, првата македонска компанија за правење тортилји извршува две многу важни активности од општествена одговорност – донација за помош на ранливите категории на граѓани и заштита на животната средина

The Baking Factory („Бејкинг фектори“), првата македонска компанија за правење тортилји, овој месец стартува со долгорочна акција за донирање на дел од произведените тортилји на Црвениот Крст. Тортилјите на „Бејкинг фектори“ која е на македонскиот пазар од 2020 година се познати под брендот Yummy.

Со донацијата, „Бејкинг фектори“ немаат загуби на количество и се фокусираат на практична помош. Донацијата се планира да биде доставувана секој месец до пунктот за бездомници на Црвен Крст на град Скопје и на кратокрочен и на долгорочен план да се направи разлика и да се помогне таму каде што е најпотребно.

Преку овој потег, првата македонска компанија за тортилји, поставува пример, кој е воедно и апел до сите македонски компании да се насочат повеќе кон грижа за општеството преку реализација во пракса на активности од општествена одговорност во различни сфери. Првиот дел од акцијата на „Бејкинг фектори“ е обезбедување на храна на оние на кои им е најпотребна, а тука спаѓаат сите лица од ранливи категории, кои се корисници на донации од Црвениот Крст и кои ќе имаат можност вкусните тортилји подготвени од домашни производи, да бидат секојдневен дел од нивните трпези.

Вториот дел од оваа општествено одговорна акција, е намалување, а во иднина и прекин на уништувањето на стока и амбалажа во Дрисла, со што директно се намалува емисијата на штетни гасови во воздухот. Со ваквиот потег, се влијае директно врз оперативниот обем на Дрисла, а со тоа и врз бројот на штетни емисии во воздухот. Позитивниот ефект во имплементирање на вакви акции, дури и чекор по чекор, кои влијаат во намалување на загадувањето на воздухот и зачувување на самата животна средина, е нешто што треба да биде една од примарните цели на секоја македонска компанија, секој месец од годината.

Во оваа насока и визија, првиот човек, а воедно и основачот на компанијата „Бејкинг фектори“, Дејан Миленковски изјави:

„Со донацијата на тие на кои им е најпотребно, извршуваме две многу важни активности од општествена одговорност – донација наменета да помогне на едни од најранливите категории на граѓани, како и заштита на животната средина. Ова се две од едни од најалармантните теми и проблеми во државата, за кои и ние во приватниот сектор треба да се ангажираме многу повеќе и да сме вклучени во ценењето на принципот дека е човечки да се помогне на оној на кој му е најпотребна помош, а секако неизоставен дел од грижата на секоја компанија е фокусирање кон заштита на животната средина на било каков начин. Воедно сакам да поттикнам домашните производители да се инспирираат од оваа акција и да го следат примерот на „Бејкинг фектори. Идејата е да создадеме колективна навика да се помага повеќе и заеднички да ја нормализираме и зачестиме оваа акција преку бизнис сферата и приватниот сектор, кој има капацитет за значителни донации, кои можат да направат разлика.“

Месечно ќе се донираат околу 60.000 денари.

„Бејкинг фектори“, како прва македонска компанија за производство на тортилји, досега на македонскиот пазар има претставено 3 видови на тортилји од брендот Yummy и тоа – обична пченична тортилја- Yummy Original, пченична интегрална тортилја- Whole Wheat и тортилја со спанаќ и чиа- Yummy Spinach&Chia. Во иднина се подготвуваат нови видови на тортилји и внесување на нови производи, кои досега не се претставени и достапни на македонскиот пазар.