Кори, сирење, бурек и ајвар на најголемиот собир на производители на храна: Балканците ќе ги претстават најпознатите традиционални производи во Торино

burek Unsplash
261

Пазарот на Тера Мадре Салон дел Густо ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот. Слоу Фуд Македонија ќе присуствува со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации благодарение на придонесот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Четиринаесеттото издание на Тера Мадре Салоне дел Густо ќе се одржи во Торино, како и секогаш, во истиот термин, од 22 до 26 септември, а ќе се фокусира на регенерацијата.

Тера Мадре беше лансиран во 2004 година како глобален собир на производители на храна од целиот свет и стана средство за развој и примена на филозофијата на Слоу Фуд ширум светот и е жив пример за тоа како храната може да биде мост до мирот. Ова покажува како, преку вклучување и размена, можеме да негуваме подобра иднина заедно. Најголемиот и најважниот меѓународен настан посветен на политиката за храна, одржливото земјоделство и животната средина е организиран од Слоу Фуд, регионот Пиемонт и градот Торино.
Слоу Фуд сака да ја искористи енергијата на своето глобално движење со повторно обединување на производителите на храна и активисти од целиот свет во Торино. Целта на настанот е да се дизајнира поинаква иднина за храната, иднина која се обликува преку секојдневниот избор на поединци, во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните и приватните институции.

На настанот ќе учествуваат над 3.000 делегати од 130 земји и повеќе од 700 изложувачи.

Балканската делегација на Слоу Фуд брои околу 130 лица. Тие во Торино ќе го донесат своето знаење за образовните активности на RegenerActions, како и нивните готвачки вештини на работилниците за вкусување. Од регионот, Црна Гора ќе има најмногу претставници, односно 30 делегати кои годинава ќе дојдат во Торино, а по неа Албанија со 21, Бугарија со 18 и Македонија со 15 лица. Ќе има и 12 делегати од Турција, 8 од Босна и Херцеговина, 7 од Романија, 6 од Хрватска, 6 од Грција, 2 од Косово и 3 од Србија.

Пазарот на Тера Мадре ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот. Слоу Фуд Македонија ќе присуствува со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации благодарение на придонесот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Албанската мрежа на Слоу Фуд ќе претстави фотоволтаична мелница во соработка со невладините организации VIS и CESVI, како и со поддршка на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој. Локалната акциска група Dealurile Tarnavelor LAG заснована во Сашиз, Романија, исто така ќе присуствува и ќе промовира производители и занаетчии од територијата на ЛАГ Тарнавелорски брда.

Група грчки производители ќе ги донесат своите производи на Тера Мадре, пловејќи од грчките острови до Лигурија. Други изложувачи од Албанија и од Слоу Фуд мрежата во Бугарија и Црна Гора исто така ќе бидат присутни на саемот и ќе ги претставуваат сопствените традиции за храна.

Во четврток на 22 септември во 15:30 Алтин Пренга, готвач од Алијансата на готвачи во Албанија, ќе претстави јадење кое е симбол на неговата земја, односно пета, крцкаво бело пченкарно тенко лепче, полнето со производи на Albanian Ark of Taste, во рамките на дегустацијата на RegenerActions за уличната храна меѓу Албанија и Емилија-Ромања.

Истиот ден во 17 часот, главни ликови на дегустацијата на RegenerAction ќе бидат турската и бугарската верзија на бурек, полнета со јајца и сирење: Кори, сирење, и уште повеќе … Сите форми и облици на бурекот. Во 19 часот, Александрос Александру, студент од UNISG, ќе претстави типичен грчки аперитив со фета, капари, вино, житарки, оригано и мед во рамките на Аперитив: Италија ја среќава Грција.

Во петок, на 23 септември во 15:30, Карло Неслер, мајстор за процесите на ферментација, ќе ги предводи учесниците низ патешествие од Балканот (со бугарската тарана од ферментирна мешавина на јогурт и житарки) до Шпанија во рамките на RegenerAction активноста Не го фрлај. Ферментирај го! Во 16:30 Игор Стојановиќ, водач на ромската и Синти Слоу Фуд заедница за иднината, ќе учествува во настанот Ромите и општественото вклучување преку милениумската историја на патувачката гастрономија.

Истиот ден во 20:30 албанскиот готвач Алтин Пренга ќе готви вечера во четири раце заедно со италијанскиот готвач Даниеле Маурици Цитерони за време на Состанокот за вечера Јадранска алијанса: Континентална гастрономија од Албанија до Марке.

Во сабота на 24 септември, во 15 часот турскиот производител Ален Мевлат ќе учествува во форумот: Маслинката: Билка на цивилизацијата кој ќе ја претстави Слоу Олив мрежата и нејзините Президии во Италија, Шпанија и Турција. Во 16 часот турските зреени сирења во овча кожа ќе бидат центар на презентацијата: Пештерата во средината на светот.

Во недела на 25 септември, во 17:30 часот ќе има уште еден момент посветен на грчката кујна. Готвачот Никос Фотијадис ќе приготви јадење од Епир во кујната на Тера Мадре.

Во понеделник на 26 септември во 10 часот во Музејот на Лаваца ќе можете да ја истражите приказната на кафето преку различните методи за негово подготвување и дегустација според традициите на различни земји, од турското кафе до бразилското кафе и Туба кафето од Сенегал, во рамките на Работилницата за вкус: Кафе на секој јазик.

Запознајте ги делегатите

Надвор од официјалната програма, многу од делегатите од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција ќе бидат присутни на Тера Мадре Салоне дел Густо. Ќе можете да запознаете многу различни готвачи, производители на Президиуми како што се производителите на Мишавине од Албанија кои беа наградени на Сирење 2021 и производителите на Ark of Taste, активисти за храна, новинари, едукатори и академици од регионот.