Мали бобинки со голема моќ

Фото: Freepik
209

Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale – Oxygen Radical Absorbance Capacity Scale) гоџи бобинките се наоѓаат на врвот! Покрај многуте антиоксиданти содржат и аминокиселини, есенцијални масни киселини, минерали и витамини.

Гоџи бобинките го зајакнуваат имунолошкиот систем, го забавуваат процесот на стареењето, го спречуваат настанувањето на леукемија и други карциноми, спречуваат болести на срцето и крвните садови, ја регулираат функцијата на уринарниот тракт, даваат сила и енергија, имаат антибактериски и антивоспалителни својства, ја подобруваат плодноста кај жените, го подобруваат видот, ја подобруваат циркулацијата во целиот организам, штитат од појава на дијабет, ја зголемуваат еластичноста и влажноста на кожата, го подобруваат квалитетот на спермата.

Препорачаната дневна доза на гоџи бобинките е 10-30 грама дневно.

Гоџи е растение од фамилијата Solanacea, грмушка која може да расте и до три метри во висина. Цвета преку целото лето, а во есен ги дава своите први плодови, за кои искусните градинари советуваат да не се берат со рака, туку да се тресат од грмушката.

Денес гоџи бобинките се одгледуваат во многу делови на светот и се најпопуларната суперхрана. Се наоѓаат на првото место на американката скала – ORAC scale (Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), која ги мери антиоксидантните својства на храната.

Гоџи бобинките се богати со антиоксиданти, амино киселини и есенцијални масни киселини. Содржат екстремно високи нивоа на витамин Ц, железо и многу други хранливи материи.

Содржат18 амино киселини (од кои 8 се есенцијални), 21 минерали, вклучувајќи го антиканцерогениот германиум; повеќе протеини отколку интегралната пченица (13%); повеќе витамин Ц од портокалот, комплекс на Б витамини неопходни за претварање на храната во енергија,

Понатаму, витамин Е (ретко се наоѓа во овошјето, главно во семките и житарките); циперон, кој благотворно делува на срцето и крвниот притисок и ги ублажува менструалните симптоми; солаветивоне, моќно антигабично и антибактериско соединение,

Физалин, активна состојка која штити од леукемија и хепатитис Б; бетаин, соединение кое црниот дроб го користи за продукција на холин, кое ја смирува нервозата, ја подобрува меморијата и штити од замастување на црн дроб. Бетаинот, исто така, го намалува ризикот од срцев удар и ја штити ДНК.

Комплетен спектар на антиоксиданти – каротеноиди, вклучувајќи бета каротен (подобар извор од морков) и зеакснтин (ги штити очите). Ова ги прави гоји бобинките најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници. Бета-ситостерол, анти-воспалителни агенс.

Бета-ситостеролот, исто така, се користи и за намалување на холестеролот во крвта, за лекување на импотенцијата и бенигно зголемената простата (БПХ). Есенцијални масни киселини, кои се потребни за да се одржи производството на хормони за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем.

Во 2008 година гоџи бобинките беа прогласени за суперовошје во списанието Tајм, поради своето силно антиоксидативно својство. Гоџи се препорачува при дијабетес, хипертензија, маларија, треска и карцином. Ја подобрува циркулацијата, ги ублажува вртоглавиците и се препорачува за проблеми со очите.

Се користи и за зајакнување на мускулите и коските, како тоник за срцето, црниот дроб и бубрезите.

Плодовите се јадат сирови и се сушат, а по вкусот потсетуваат на суво грозје. Од нив се приготвуваат чаеви и сокови, ликери и останати напитоци, а можат да се користат и како додаток на јадењата.

Многу студии го докажуваат антиоксидантното дејство на гоџи бобинките. Каротеноидот зеаксантин е носител на антиоксидантните својтва, но истовремено е одговорен и за бојата на овие бобинки. Антиоксидансите ги штитат клетките од умирање и оштетување од штетните влијанија како чад од цигари, зрачење и сл. кои предизвикуваат создавање на слободни радикали.

За да уживаме во здравствените придобивки на гоџи бобинките потребна ни е сосема мала количина од нив. Препорачана дневна доза е од 10 до 30 грама, меѓутоа не постои горна граница во консумирањето на гоџи бобинките.