Направете сами сируп од лук

Фото: Pixabay
365

Овој народен лек се прави многу лесно, а има повеќекратни придобивки за имунитетот и за општото здравје на човекот.

Многупати сме пишувале за придобивките од лукот. Тој е наш неисцрпен извор на народни лекови за различни проблеми. Така и овој сируп има повеќекратна употреба. Се користи за регулирање на крвниот притисок, зајакнување на имунитетот по и за време на болест, подготовка и зајакнување на телото за време на сезоната на настинки и грип, намалување на нивото на холестерол во крвта, ублажување на симптомите на астма, бронхитис и други респираторни заболувања, ублажување на симптомите на гастритис и за забрзување на метаболизмот.

Состојки:

350 гр домашен лук

200 мл алкохол (без метанол)

Приготвување:

Излупете го лукот и исечкајте го на големи парчиња. Истурете го во претходно стерилизирана чаша. Додадете медицински алкохол и кратко измешајте. Затворете ја чашата, оставете ја на страна и не ја отворајте десет дена.

Потоа процедете го сирупот, вратете го во чашата и ставете го во фрижидер.

Употреба:

Додадете две капки сируп во чаша вода. Пијте пред појадок, ручек и вечера. Не го консумирајте овој сируп повеќе од две недели.

По тој период направете пауза од една недела, а по потреба може да ја повторите терапијата.

Напомена: Народните препарати не се лекови, туку служат за ублажување на можните тегоби. За какви било здравствени проблеми што ги имате, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.