Најсилен природен лек за дишните органи

Фото: Фејсбук
548

Ренот е богат со минерали и витамини, совршено го чисти организмот и има антиканцерогено дејство при малигни заболувања на црниот дроб, дебелото и тенкото црево, хранопроводникот и мочниот меур. Причината за тоа е фактот што содржи состојки кои ги инхибираат овие болести. Овие состојки се гликозидот синигрин и алил изотиоцијанат, инаку интересни за современата наука токму заради своите антибиотски и антиканцерогени ефекти.

Ренот е природен антибиотик со силно антибактериско дејство. Во народната медицина долго време се користи за зајакнување на имунитетот и против кашлица, белодробни заболувања и воопшто против инфекции. Сирупот од рендан рен со мед, прополис и семки од анасон се препорачува како еден од најдобрите природни сирупи за лекување на белодробни заболувања. Направете сируп од рен, кој е одличен за болести на белите дробови, бронхиите и сите други болести на дишните органи бидејќи содржи антибиотска материја слична на пеницилинот.

Сируп од рен

Меѓу ренданиот рен ставаме шеќер или уште подобро мед. Добро згмечете ја масата и исцедете го сирупот. Остатокот сварете го со додавање малку вода, се цеди уште еднаш и се додава во веќе добиениот сируп. На овој начин добиваме силен и лековит сируп против кашлица.

Ренданиот рен е одличен додаток на салатите бидејќи ја намалува подложноста на настинки доколку се зема редовно, во мали количини.

Ренот со лук е одличен лек особено за постарите лица. И двете намирници делуваат на обнова на крвните садови, особено на артериите бидејќи го намалуваат крвниот притисок. Кога човек ќе наполни четириесет години, овие зачини стануваат многу корисни, бидејќи делуваат на враќање и стимулирање на функцијата на органите и затоа не треба да се избегнуваат.

Ренот како лек

Од дамнина ренот е познат како лек за белодробни заболувања, реума, кивање, но е и одличен лек за дишните патишта и против скорбут. Луѓето кои имаат проблеми со уринарниот тракт, особено со бактеријата ешерихија коли, исто така, во ова лековито растение можат да најдат многу ефикасен лек.

Ренот е богат со минерали и витамини, совршено го чисти организмот и има антиканцерогено дејство при малигни заболувања на црниот дроб, дебелото и тенкото црево, хранопроводникот и мочниот меур. Причината за тоа е фактот што содржи состојки кои ги инхибираат овие болести. Овие состојки се гликозидот синигрин и алил изотиоцијанат, инаку интересни за современата наука токму заради своите антибиотски и антиканцерогени ефекти.

Во зима ќе не заштити од настинки и ќе ни ги исчисти дишните патишта. Ренот го стимулира варењето, отчукувањата на срцето и циркулацијата, помага при ревматизам и го зајакнува нашиот природен имунитет.

Коренот од бел рен е природен засилувач на отпорноста на организмот. Содржи витамин Ц, калиум, калциум, магнезиум и фосфор, како и витамини од групата Б и се смета за заштитник од настинки и други сезонски болести.

Одлична намирница е доколку сакате да направите детоксикација бидејќи го поттикнува чистењето на црниот дроб, како и исфрлањето на штетните материи од организмот.

Сепак, најпознат е по лечењето на воспаленија на дишните патишта, а исклучително е сигурен и при затнати синуси. Ако страдате од синузитис, користете рен бидејќи се смета за природен лек за синусите.

Коренот од рен изрендан во облоги ќе помогне при смрзнатини, заразени рани, вкочанети мускули, ревматични зглобови и ишијас.