Чај од три вида сушено овошје – сојузник во борбата против болките во грбот!

Фото: Unsplash
554

Болката во долниот дел на грбот е еден од најчестите здравствени проблеми денес, а се проценува дека 80% од населението барем еднаш во животот имале болки во половината или долниот дел на грбот.

Болките во долниот дел на грбот станаа голем јавно-здравствен проблем бидејќи се најчеста причина за отсуство од работа и голем број боледувања. Меѓу народот се распространети многубројни имиња, од кои најпознато е лумбаго, а едно од популарните имиња „hexenschus“ или убод од вештерка зборува за ненадејниот почеток и карактерот на болеста.

Најчеста причина е прекумерниот неправилен и прекумерен физички напор кој ја надминува силата на мускулите на грбот, лигаментите и интервертебралните дискови. Ова може да биде напорна физичка работа, неколкучасовна неправилна положба на телото (на пр. долго седење во автомобил), а проблемите редовно предизвикуваат опуштени или преоптоварени мускули.

За да ги ублажите овие симптоми, можете да направите вкусен чај од смокви, кајсии и сливи. Имено, сувите смокви, сливите и кајсиите во голема мера ја поттикнуваат регенерацијата на ткивата кои го прават ‘рбетот посилен и поцврст.

Ако го пиете овој чај секоја вечер, пршлените со текот на времето би можеле да станат посилни, што ќе ги ублажи симптомите.

Потопете 5 суви сливи, 1 сува смоква и 1 сува кајсија во вода и зовријте ја водата. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган и оставете го покриениот чај да отстои два часа.

Потоа процедете го и уживајте во вкусен и здрав напиток.

Ако земате лекови за овие болести, продолжете да ги пиете. Овие инструкции не се лек, туку помош што може да ги ублажи овие проблеми кај некои луѓе.