Не заборавате да се напиете кафе, ама заборавате на витамините? Што велите да ги споиме…

Фото: Pixabay
331

Добар начин за спојување на убавото и корисното е комбинирање на кафе и некои витамини во напиток што би можеле да го наречеме витаминско кафе.


Често забораваме во текот на денот да внесеме во организмот доволна доза на витамини. Но, истото не може да се каже за кафето – не само што повеќето луѓе така го започнуваат денот, туку тоа е и значаен дел од нивните задолжителни секојдневни ритуали, па и потреба. Постојат начини да го збогатите кафето со витамини, антиоксиданти и хранливи материи и на тој начин да добиете „микс“ од уживање и здравје. Придобивките се многубројни, од подигање на расположението и енергијата, заштита на срцето и крвните садови, до подобрување на интимните односи.

Кафе со цимет за посилно срце
Ако поросите цимет во шолјата со утринско кафе, ќе добиете моќна и многу вкусна доза на антиоксиданти. Циметот се користи и како зачин и како лек со илјадници години. Содржи повеќе од 40 заштитни соединенија и има една од најсилните антиоксидантни активности меѓу зачините.

Приготвување: Додадете 1/2 лажичка цимет во шолја сварено кафе и добро измешајте. Можете исто така да ставите една лажичка цимет во мелено кафе и да го сварите на вообичаен начин. За максимално задоволство и корисни својства, се препорачува да се користи цејлонски цимет, кој се смета за „вистински“.

Комбинацијата на ѓумбир и кафе ги ублажува болките во мускулите

Ѓумбирот, покрај бројните други здравствени придобивки, е ефикасен лек против мачнини. Содржи моќни антиоксиданти и антиинфламаторни соединенија. Исто така, може да ја намали болката во мускулите, да го намали холестеролот и да го помогне варењето.

Приготвување: Додадете ѓумбир директно во меленото кафе, не повеќе од 1 лажичка по шолја. Подгответе го омилениот напиток на вообичаен начин.

Доколку ви останал ѓумбир во фрижидер, изрендајте го, ставете една лажичка од него со вода во калап за мраз и замрзнете го. Ваква ладна коцка ѓумбир ќе го збогати кафето, но внимавајте – и ќе го разреди.

Кафето со куркума го подобрува варењето
Најсилните лековити својства на куркумата доаѓаат од куркуминот, соединение кое има моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Тие помагаат во детоксикација на црниот дроб, го забрзуваат варењето и го подобруваат расположението.

Приготвување: Додадете ½ лажичка куркума во вашиот омилен напиток и добро измешајте.

Мака во кафето помага да се балансира лачењето на хормоните
Коренот мака традиционално се користи за зголемување на плодноста, а истражувањата исто така покажале дека има позитивни ефекти врз балансирањето на хормоните. Маката е многу хранлива и богата со амино киселини, протеини и витамини.

Приготвување: За да ги искористите оптималните здравствени придобивки од маката, се препорачува да земате до 3 лажички дневно. Ставете една кафена лажичка во сварено кафе и добро измешајте.

За да го продолжите рокот на траење на прашокот од мака, чувајте го во фрижидер.

Кога во кафето ќе додадеме какао, ќе бидеме помалку депресивни

Какаото е суперхрана и еден од најмоќните антиоксиданти, како и моќен растителен извор на железо. Има антиинфламаторно дејство, го намалува крвниот притисок, го одржува доброто ниво на холестерол и го подобрува расположението.

Приготвување: Додадете една лажичка какао во шолја кафе и добро измешајте. Заедно со диеталните влакна, овој збогатен пијалок ќе ни обезбеди и дополнителна количина на антиоксиданти и магнезиум.