Печен чипс од јаболка

Фото: https://plantbasedonabudget.com/
216

Есента е баш вистинско време да ги донесете дома своите омилени јаболка од пазар и да ги направите сите омилени десерти и грицки од јаболка, вклучително и овие крцкави чипсови.

Ако сакате да ја збогатите вашата домашна здрава исхрана, засилете ја и со здрави домашни грицки, овие крцкави чипсови од јаболка треба да бидат на врвот на вашата листа. Да научите како да направите печен чипс од јаболка е одличен начин да заштедите пари, да ја намалите консумацијата на индустриските нездрави грицки и да направите вашата куќа да мириса какјо циметен рај.
Впрочем, есента е баш вистинско време да ги донесете дома своите омилени јаболка од пазар и да ги направите сите омилени десерти и грицки од јаболка, вклучително и овие крцкави чипсови.

Тие се лесни, слатки, а загреаниот вкус на цимет совршено се комбинира со деликатната сладост на јаболкото.

Некои од начините на кои може да се сервираат е и во комбинација со зелена салата или во порција со киноа или нешто трето.

Зошто овој рецепт е одличен?
Супер евтин е, се прави лесно и во големи количини, здраво е и слатко иако има само сосема малку додаден шеќер, одличен е и за ужина која децата можат да ја понесат со себе на школо.
Што ви треба за овој рецепт?
Не ви треба многу за да направите серија печени чипсови од јаболка! Неколку зачини, шеќер и јаболка.

Состојки:
Јаболка: Изберете цврсти јаболка со средна големина со сладок вкус.
Шеќер, цимет и морско оревче: оваа комбинација ќе им додаде сладост на овие печени чипсови од јаболка.

Како да ги направите?

1) Загрејте ја рерната на 100-150 степени. Исечете ги јаболката на многу тенки прстени.
2) Ставете ги прстените од јаболка на обложен плех во еден слој.
3) Измешајте ги заедно шеќерот и зачините во мал сад.
4) Поросете ја смесата со шеќер и зачини преку прстените од јаболка.
5) Ставете го плехот во рерната. Времето за печење ќе зависи од дебелината и содржината на вода во парчињата јаболка. Тие треба да се направат за 1 ½ до 2 часа. Ќе знаете дека се готови кога ќе станат крцкави.

Уште неколку дополнителни совети
Најдобри се тенки парчиња! Ако ги исечете подебели ќе бидат вкусни, но нема да бидат толку крцкави.
Уживајте во овие чипсови од јаболка печени во рерна и додадени врз салати, врз овесни снегулки или сами за себе, додека ја гледате омилената серија.

Дали се здрави?
Да, тие се поздрава опција во споредба со другите видови чипс како што се чипсот од компири или тортилјите. Уште подобро, овие чипсови од јаболка се печат во рерна наместо да се пржат, што ги прави уште поздрава алтернатива.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.