Сакате торта со својот лик и во природна големина?

150

Лара Мејсон е Британка која е вистински шампион за торти и освен што може да направи буквално сѐ што ќе си замислите, тортите ги изработува во природна големина

Cake Anything with Lara Mason. Токму вака гласи името на веб-страницата на Лара Мејсон, уметник за торти која изработува торти во природна големина и во облики кој само треба да си го замислите. Дури и по желба изработува торти кои можат да бидат и ваша копија во природна големина. Оваа фантастична уметница основала и The Cake Anything Club во кој може да се зачленат заинтересираните за да ги дознаат сите нејзини тајни и совети кога станува збор за неверојатни извајани и структурирани торти и колачи.

Од шаблони за рамки за торта, видео упатства, сесии за прашања и одговори во живо и место за стапување во контакт со Лара еден на еден за да ѝ поставите какви било прашања во врска со изработката на тортите што можеби ги имате. Ако сакате да видите дел од нејзината работа погледнете го видеото подолу.